Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

КУЛТУРНА ОФАНЗИВА - ОПЕРАЦИЈА ВЕЛЕС
14-16.10.2005, ВЕЛЕС

Од 14 до 16 октомври во Велес, ЗГ Контрапункт од Скопје во соработка со ЗГ Кец од Велес и Музејот на град Велес ќе организира тродневен саем на културна размена.



Во рамките на манифестацијата 8 невладини организации, културни институции и уметнички групи, 44 уметници и културни работници, на 13 локации ќе реализираат 23 културни настани. Ќе биде организиран и продажен штанд со уметнички изработки, дела и книги од десетина издавачки куќи. Со овој настан, партнерите се вклучуваат во манифестацијата Велес - град на културата, во организација на локалната самоуправа од Велес.

Културните настани ќе се одвиваат со полн интензитет, на неколку места истовремено: неколку изложби, улични акции, видео презентации, промоции на книги, аудио перформанси, слем поезија, филмски проекции, панел дискусии. Во рамките на офанзивата ќе постои и изложбен и продажен салон на културни артефакти: уметнички дела, книги, необични креативни производи. Продажниот салон го организираме затоа што покрај креативниот важен ни е и елементот на одржливост на културата. Сметаме дека македонските граѓани, и покрај лошата економска состојба, се заинтересирани за културни продукти, доколку тие се со достапна цена и доколку им се достабни. Елементот на дифузија и дистрибуција на културните артефакти е целосно запуштен во земјата, особено надвор од Скопје не постои понуда ниту на книги ниту на други уметнички дела, не само од областа на ликовната уметност туку и од областа на креративните изработки.


ПРОГРАМА

МАПА
КАРТИЧКИ

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |