На 18 Февруари 2005 во Гевгелија, Уметничка галерија при хотел “Југо”, беше отворена изложба на неколку најкарактеристични уметници на новата бугарска концептуална уметност од крајот на дваесеттиот век. Оваа изложба веќе имаше своја поставка во културниот центар “Точка” во Ноември 2004. Овој регионален настан е дел од проектот Слевање на маргините на НВО “Контрапункт”, подржан од Швајцарската културна програма-Македонија, а во Гевгелија се реализира во партнерство со Домот на култура. |
Насловот
на изложбата “Седум чуда - седум гревови” реферира на седумте светски
чуда и/или на седумте смртни гревови. Инспирацијата за изложбата доаѓа
од минатите времиња, од христијанската етика, но всушност испаѓа дека
е насочена кон современата културна ситуација, интерпретирана од група
уметници од една балканска земја, со цел да биде презентирана во
друга, соседна балканска земја. Секој од авторите, избегнувајќи ја
илустративната едностраност која темата може да ја сугерира, создадоа
дела кои се обидуваат да ја играат улогата на необичен клуч на
филозофското и конкретното разбирање на човековиот
живот, сместен некаде помеѓу “чудата” и “гревовите”. Насловот доаѓа од
истоимената серија објекти на Елена Панајотова, но насловот не беше
избран случајно, туку како одговор на прашањето со што се занимава
бугарскиот уметник денес? Дали неговите дела се однесуваат на
религијата, моралот, секојдневниот живот, или напротив - тежнее кон
употребата на екстремно радикални пристапи и практики? Во одредена
смисла може да се каже дека сето ова делумно, еклектично и хаотично го
создава впечатокот на целосната слика.
Претставените уметници се меѓу карактеристичните претставници во
генерацијата која се појави во 90-те години во Бугарија. Во моментов,
оваа генерација е поставена помеѓу првите бугарски концептуални
уметници од 80-те и помеѓу најмладите уметници кои сега ги оформуваат
нивните уметнички идеи. Во 90-те, за овие автори беше типичен еден
критички патос и донекаде тоа објаснува зосто од куклите на Иван
Ќуранов се раѓаат војници, а платната на Димитар Јаранов и постерите
на Петер Цанев претставуваат личност растргната од психички стравови.
Така, “чудата” и “гревовите” од насловот се метафора за
социјално-психичкиот притисок вроден во “генерацијата на транзиција”.
Од друга страна, изложбата содржи релативно традиционален визуелен код
- повеќето уметници инсистираат да се бават со сликарство или други
форми на материјален објективизам. Во таа смисла, една од главните
особини на изложбата лежи во фактот дека нејзината концептуална
мотивација не е откриена преку нејзините вообичаени средства за
експресија, туку се импланирани и декодирани во пост-објектна
претстава.
Изложбата настојува да ја пронајде крстосницата во различните рецепции
на авторите, кои ги интерпретираат бугарските традиции и современата
глобална култура - “гревовите” и “чудата” на современието - на начин
на кој можеме да ги осознаеме.
Слики:
Елена Панајотова, 7 чуда - 7 гревови, 2003
Димитар Јаранов, Средства за персонална заштита |