Отворање на изложби
Исмет Рамиќевиќ
од циклусот Инфо ткаенина
Методи Ангелов
Ако не би било
Ирена Паскали
видео проекција
At this
Bottom
промоции:
Јубилеен број на списанието Маргина
Проектот Слевање на маргините
Веб страница на Контрапункт
проекции:
архива на десетгодишното постоење од списанието Маргина
спот на уметничката група од Белград Хоркешкарт
На
19.04.2004
во
просториите на Домот на култура
"Марко
Цепенков"
во
Прилеп колективот на НГО Контрапункт и културниот центар Точка во
соработка со со АГТИС,
Прилеп направи повеќеслоен настан.
Беа
отворени изложбите на
Исмет
Рамиќевиќ
со наслов
Од
циклусот
"Инфо-ткаенина"
и на
Методи Ангелов
- "Ако
не би било"
и се
одржа проекција на видеото
At this
Bottom
на
Ирена
Паскали.
Изложбите се дел од проектот
Слевање на маргините.
Истата вечер се промовираше и јубилејниот број на списанието
Маргина,
проектот
Слевање на маргините
и веб-страницата
на
Контрапункт,
а се
одржа и проекции на архивата на десетгодишното постоење од списанието
Маргина
и спот на уметничката група од Белград
Хоркешкарт.
Ирена Паскали
AT THIS BOTTOM
Ирена
Паскали
е една од најактивните уметнички во Македонија чија преокупација е
видеото,
а во своите дела обработува општествени,
социјални и психолошки теми.
Родена
е
1969
година
во Охрид.
Во
1995
години
дипломирала на Природно-математичкиот
факултет.
Во
2000
дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во
Скопје,
во класата на проф.
Станко Павлески.
Досега има
13
самостојни изложби,
учествувала на мноштво групни,
и е добитник на повеќе награди од неколку видео-фестивали.
Оваа година,
Ирена Паскали за видеото
At this
bottom
е добитник на
3-та
награда
(3rd
Pangaea Award)
на
"Halowen
Film Festival", Institut of Contemporary Arts,
Лондон,
Англија,
за
кратки
филмови на тема
"The
Derellict
Sensation".
Овој видео проект е реализиран
2003
година,
во продукција на Култур Контакт од Австрија и
Македонската телевизија и за прв пат се прикажува во Македонија.
од рецензијата на
Маја
Чанкуловска:
Проектот
"At
this bottom"
на Ирена Паскали
е кратка документарна приказна за начинот на кој што двете најголеми
религии -
христијаните и
муслиманите,
живеат заедно.
Тоа е приказна за
апсурдноста на меѓусебната
(не)толеранција
и (не)прифаќање
на две религии кои се географски детерминирани и се осудени да
опстојуваат заедно на еден турбулентен мал простор,
простор за
живеење што авторката го нарекува
"на ова дно".
Во видеото е прикажан вечниот судир на културолошки
различности,
но пред се
нагласката е ставена врз апсурдноста на сличностите,
кои за
најголемите оптимисти можат да означуваат моменти на приближување.
Преку
документарни снимки на настаните од
(и околу)
2001 година се
укажува на сличностите:
сличности во
ритуалите,
во прославата на
големите религиозни празници,
во желбата за
верување,
но и сличности во
меѓусебното уништување и страдање.
Во случајот на
"At
this bottom"
приказната ги маркира актуелните општествени промени и
нивното влијание врз субјектите на ова општество.
За да се долови мрачната атмосфера се одбрани случајни
учесници,
а во улога на наратор присутен во сите сегменти на
видеото Паскали се става себе си.
Ове
"елементи
на перформанс#,
во кои авторот е централна фигура,
се присутни во скоро сите нејзини видеа
(што
е донекаде раритет во македонската уметност),
но авторката не ја игра ролјата на критичар и судија,
туку преку сопственото присуство
(не)тенденциозно
насочува кон и ги обработува психолошките и социолошките состојби на
"малите"
личности.
Исмет Рамиќевиќ
Од
циклусот
"Инфо ткаенина"
Исмет Рамиќевиќ
е еден од позначајните македонски уметници во последниве десетина
години.
Роден
е
1960
година во Дубница
(Србија
и Црна Гора),
а
дипломирал
1984
на
ФЛУ,
Скопје,
оддел
скулптура,
во
класата на проф.
Петар
Хаџи Бошков.
Има
реализирано десет самостојни изложби во Македонија и во странство,
учествувал на голем број групни изложби и е добитник на повеќе награди
од областа на ликовната уметност.

од рецензијата на
Маја Чанкуловска:
Делата од циклусот
"Инфо
ткаенина"
на Исмет Рамиќевиќ претставуваат логично продолжување и
дополнување на неговиот претходен циклус
"Лавиринт".
Ако во значајната серија
"Лавиринт"
авторот изведуваше монументално амбиентално
презентирање и интервенции во галерискиот простор,
неговите најнови интереси се движат кон менување
димензијата и формата на изразување.
Идејата во овој случај е реализирана преку слики-објекти
со релативно мали димензии.
Делата се изработени од весници и имаат комплексно
значење. Преку нив симболички е претставено интензивното и незапирливо
влијание со кое информациите постојано вршат притисок врз човекот и
има концептуални референци во секојдневието. Повторно е присутна
спиралата како универзална претстава, а списанијата "формираат"
ткаенина која метафорично ја претставува бескрајната психоделична низа
на информации.
Изведбата на делата е во исто време едноставна и комплицирана.
Едноставноста се должи на употребата на еден вид на материјал (ролни
од каширани весници), но самата изработка налик на ткаење бара
трпение, а нуди и медитативно прочистување од хиперпродукцијата на
информации и воедно губењето на смислата. Постојаната дезориентираност
која се должи на наплив од секакви, често пати бесмислени информации,
како и ангажираниот став и критиката во однос на одредени појави ја
оправдува постојаната и сè поголема актуелност на делото на Исмет
Рамиќевиќ.
Методи Ангелов
Методи Ангелов
е роден 1977 година во Неготино. Тој е еден од најинтересните помлади
уметници. Завршил ФЛУ во Скопје, се занимава со интернет проекти и веб
уметност.
Изложбата Ако не би било е негова магистерска изложба, реализирана во
март во Културниот центар "Точка" во Скопје. Идејата на изложбата се
развива околу функцијата на уметноста како средство за исполнување на
апстрактните принципи (фантазми, желби, убаво,...) т.е. потреби, на
еден субјект кој болува од детска парализа (полиомѕелитис). На оваа
етичка димензија на проектот се надоврзува и социјалниот момент,
односно пренесување порака од лица со посебни потреби на останатите во
општеството.
|