Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

Изложба на Ване Костуранов
"Куќа одвај поголема од една планета"

Во четврток 15. 04. 2004 година, во 20:00 часот, во просториите на Културниот центар Точка ќе се отвори изложбата на Ване Костуранов, насловена "Куќа одвај поголема од една планета". Изложбата е дел од проектот "Слевање на маргините" во организација на Контрапункт од Скопје.


Ване Костуранов е роден 1979 година во Струмица. Живее и работи во Струмица. Учествувал на групни изложби во земјава. Сегашната преокупација на Костуранов е графичкиот дизајн во што покажува исклучително големи резултати. Ване Костуранов нема формално ликовно образование, со што повторно се потврдува тврдењето дека талентот е сепак пресуден во создавањето уметност.

        

Главна опсесија на Ване Костуранов во неговата втора самостојна изложба, е куќата, на што укажува и самиот наслов на изложбата. Трансформирајќи ја во насловот сентенцата на Егзипери "Неговата родна планета е одвај поголема од една куќа" укажува на значењето кое овој мотив го има во неговото сликарство. Општо земено, сликите, изработени во техниките акрил и масло на платно, дрво и картон, го нагласуваат чувството на интимност и меланхоличност. Цртежот е навидум "детски" едноставен и одразува искреност и свежина, додека, пак, колоритот е понекогаш контрастен, но најчесто е одмерен и со лирска атмосфера. На изложбата "Куќа - одвај поголема од една планета" ќе бидат претставени триесеттина слики.

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |