Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

Битола - промоција на две публикации од циклусот
"Градовите во Македонија"

Во кафе барот "Порта џез" во Битола на 27 февруари, се одржа промоција на публикациите за Битола и за Неготино од цилкусот "градовите во Македонија".


               


Публикациите "Градовите во Македонија", се еден од најважните сегменти од проектот "Слевање на маргините". Овој дел на проектот се состои од дванаесет публикации, кои во наредните три години ќе излегуваат по четири годишно. Главна цел на овој проект е да поттикне локални тимови кои ќе можат креативно да се изразат, да направат свое претставување на непосредната средина во која живеат, а во тој процес и да овозможи трансфер на практичните вештини за уредување и издавање на списание, како и да овозможи локалните партнери да создадат визија за понатамошен развој на активностите околу изданието посветено на секој град поединечно (негово прераснување во месчник, неделник...).

Тимовите треба да направат публикувани изданија за сопствената средина, со посебен пристап во анализите на состојбите, личностите и настаните со што ќе се обезбеди посебен, критичен ракурс на постоечките вредности и ќе се понуди модел за понатамошно функционирање. Посебните изданија за градовите нема да излегуваат во истиот период со Маргина, бидејќи доколку излезат самостојно ќе добијат повеќе на важност. Дистрибуцијата и промоцијата на овие изданија ќе биде одговорност на "Контрапункт во договор со локалните партнери и ќе се одвива во рамки на активностите на проектот.

Првите две списанија за Неготино и за Битола се веќе готови и тие ќе бидат промовирани во петок во Битола и во наредниот период и во Неготино. Тие нудат многу интересни содржини за разни теми кои не можат да се најдат во постојната медиумска и културна понуда во земјата.

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |