Шкарт -
биографија
Од "најмалиот
град на светот" - Хума (17 жители), до
"бувљакот" во Панчево, Хорхешкарт
настапувале (и сè уште
настапуваат) како на простори надвор
од привилегираните култур-маркети (села,
школи, бегалски кампови,...) така и на
уметнички свечености (Отворање на
Музејот на современа уметност во
Белград, Биеналето во Цетиње,
презентации во Грац, Бремен, Осака...) |
Уметничката
група Шкарт, формирана 1990 година
во Белград, е една од најзначајните
уметнички групи кои потекнуваат од
екс југословенските простори, а кои
постигнаа огромен интернационален
успех. Фокусирајќи се главно на
лирско-субверзивниот третман на
непосредната стварност и на
секојдневието тие создаваат еден вид
"рециклирани" дела кои
кореспондираат со најсовремените
трендови на социјално ориентираната
уметност. До сега имаат изложувано во
над 30 града ширум светот, а се едни од
ретките од овие простори кои
изложувале и во репрезентативниот
музеј МОМА во Њујорк. Учествувале
на Манифеста, работеле и објавувале
во Америка, Европа и Јапонија. Нивни
дела се објавени во повеќе значајни
списанија за уметност меѓу кои Принт
и Интервју, списанието каде што
Енди Ворхол објавувал. Графички
уредувале многу изданија за Б92, меѓу
кои и списанието Реч.
Од Светите крави на Арсен Дедиќ,
па сè до последната песна -
преаранжираниот hard-cor
Какао чека на групата Achtung_Dichtung
- се изведувани низа песни со кои Хорхешкарт
ги преиспитуваат вредностите на
културното наследство продирајќи во
слепиот локал-традиционализам и
вкрстувајќи ги оптимизмот на
периодот на обновата и изградбата (од
50-тите и 60-тите години) со поетската
нотка на кантавторството (А.Дедиќ, Д.
Радовиќ, Ж. Брасанс,...), енергијата на
ослободувачкиот нов бран (В. Дивлјан,...)
и инвентивноста на сите "нови
бранови" (Јарболи, Чинч...)
Од "најмалиот град на светот" -
Хума (17 жители), до "бувљакот" во
Панчево, Хорхешкарт настапувале (и
сè уште настапуваат) како на
простори надвор од привилегираните
култур-маркети (села, школи, бегалски
кампови,...) така и на уметнички
свечености (Отворање на Музејот на
современа уметност во Белград,
Биеналето во Цетиње, презентации во
Грац, Бремен, Осака...), бришејќи ги
предрасудите за "местото" на
хорската музика во современата
уметност и во ново-старите форми на
колективи.
|
|
|
|
|
|