Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

Охрид - Работилница за Партнерство и создавање тим

Во периодот од 26 до 28 септември, во Охрид, ја организиравме исклучително значајната Работилница за партнерство и создавање тим.



Ваквата работилница е приоритетна за проектот, за партнерите и за публикациите Градовите во Македонија кои се можеби клучот за постигнување на целите и за активно вклучување на партнерите и соработниците ширум земјава.

Работилницата имаше две цели:
- да овозможи обука за основните концепти на партнерството, создавањето тим како и да обезбеди членовите на Контрапункт и локалните партнери соодветно да ги изведат заедничките активности на Проектот.
- да овозможи обука за практичните вештини за уредување и издавање на списание, како и да овозможи членовите на Контрапункт и локалните партнери да создадат визија за понатамошен развој на активностите околу изданието посветено на секој град поединечно (негово прераснување во месчник, неделник...)

Работилницата ја водеа тројца тренери: Иван Додовски, како експерт за обука за тимска работа, и Марија Иванова и Виктор Шиков, како тренери за новинарските специфики и жанровите што треба да се применуваат во креирањето што попрецизна слика за културниот, општествениот и политичкиот пејзаж во земјава. Освен тимот на Контрапункт (Искра Гешоска, Никола Гелевски, Роберт Алаѓозовски, Елена Велјановска, Бојан Ивановиќ и Владимир Јанковски) присуствуваа уште 23 учесници од Охрид, Струга, Тетово, Гостивар, Битола, Неготино и Велес. Според степенот на вклученост и крајните резултати од дводневната работилница сметаме дека се случи исклучително значајно поврзување помеѓу индивидуалците и НВО-ата од источна и западна Македонија и разјаснување на мотивите за соработка. Тимовите од споменатите градови треба да направат публикувани изданија за сопствената средина, со посебен пристап во анализите на состојбите, личностите и настаните со што ќе се обезбеди посебен, критичен ракурс на постоечките вредности и ќе се понуди модел за понатамошно функционирање. Она што е најважно, а што им го понудивме на присутните на семинарот е мотивот да бидат одговорни за еден сериозен мини проект, а пред сè им ја разбудивме иницијативноста предлагајќи им понатаму самите да бидат одговорни за судбината на изданието кое сега се реализира со наша помош. Со ваквиот конкретен ангажман кој нуди визија за она што треба и како треба понатаму да се работи, партнерите стекнаа доверба во нашите цели и намери. Исто така е несомнено важно да се напомене дека одлучивме, со долга дискусија и договор помеѓу партнерите, посебните изданија за градовите да не излегуваат во истиот период со Маргина бидејќи доколку излезат самостојно ќе добијат повеќе на важност. Дистрибуцијата и промоцијата на овие изданија ќе биде сепак наша одговорност и ќе се одвива во рамки на активностите на проектот.

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |