Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

СЛЕВАЊЕ НА МАРГИНИТЕ во Прилеп

На 19 септември во Прилеп организиравме промоција на проектот Слевање на маргините и на најновиот број на Маргина и му направивме омаж на Горан Иванов - Крстевски.



Настанот се одржа во партнерство со Театарот Војдан Чернодрински, кој ни го отстапи просторот, во соработка со центарот за НВО подршка од Прилеп. Разговорот се одвиваше во повеќе насоки кои беа корисни за сознавање на потребите на средината. Значајно беше воспоставувањето нови контакти и иницирање значаен интерес за применување на некои од основните начела поставени во самиот проект.
Омажот на прерано починатиот поет Горан Иванов - Крстевски, со горчина, но и со радост потсети на неговата благородна и интелектуално силна појава во локалната средина.

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |