Маргините
почнаа да се слеваат
11. 08. 20003. Струга,
Дом на култура Браќа Миладиновци
|
Отворање
на изложба на Љубомир Милошевски
Од
семејството
|
Љубомир
Милошевски првпат излага во Струга, и
покрај тоа што неговото дело
навистина драстично се издвојува (меѓу
другото, и со својата остра
општествена ангажираност) од
вообичаениот локален колорит.
|

|
Во
консултација
со веќе
воспоставените
партнери
од невладината
организација
Рубљов
и во
соработка
со Домот
на културата
од Струга
беше
организирана
изложба
на исклучително
талентираниот
автор
од струшкото
село
Дрслаица,
Љубомир
Милошески,
насловена
Од
семејството
после
која
следеше
разговорот
на тема
Локално-глобално,
точки
на допирање
и оддалечување.
Интересно
е да
се напомене
дека
всушност
Љубомир
Милошевски
првпат
излага
во Струга,
и покрај
тоа
што
неговото
дело
навистина
драстично
се издвојува
(меѓу
другото,
и со
својата
остра
општествена
ангажираност)
од вообичаениот
локален
колорит.
Милошески прави моќни фигури на луѓе
во природна големина од евтин
природен материјал - свински кожи
како материјал со специфична
енергија, "привлечност" (особен
мирис, тактилност) и симболична
нечистотија, бидејќи, според авторот,
болката не се чувствува кога му се
случува на некој друг.
Проектот Од семејството на
Љубомир Милошески претставува
продолжување и проширување на
проектот Мутации (2002). Во овие два
проекта Милошески ја (пре)испитува
хуманоста преку релацијата човек -
животно, односно живо - мртво. Тој
прави моќни фигури на луѓе во
природна големина од евтин природен
материјал - свински кожи како
материјал со специфична енергија,
"привлечност" (особен мирис,
тактилност) и симболична нечистотија,
бидејќи, според авторот, болката не
се чувствува кога му се случува на
некој друг. Проектот Од семејството
упатува на поврзувањето на животот и
уметноста и ангажираниот став на
уметникот кој не е веќе изолиран од
случувањата кои го допираат, во
случајот глобалните проблеми на
човештвото - убивањето и клонирањето,
отуѓеноста и суровоста на
доминантниот човек. Изложбата ја
посетија околу 200 посетители, а беше
поставена пред Домот на културата. За
потребите на изложбата Контрапункт
подготви посебен каталог и ЦД со
податоци и приказ на процесот на
работа на авторот. Изложбата
предизвика огромен интерес, а она што
е најважно Милошевски беше со големо
одобрување забележан од медиумите. |
разговор на
тема:
ЛОКАЛНО-ГЛОБАЛНО, ТОЧКИ НА ДОПИРАЊЕ И
ОДДАЛЕЧУВАЊЕ |
учесници:
Зоја Бузалковска (режисерка и членка
на Хелсиншкиот комитет од Скопје),
Димитрие Дурацовски (член на НВО Рубљов
и актуелен директор на Домот на
културата во Струга), Љупчо
Печијаревски (академски професор при
универзитетот во Прилеп и експерт за
културна политика и меѓуетнички
односи), Марко Петрушевски (прозаист,
теоретичар на популарната култура во
Македонија од Скопје), Едита Ибраими (постдипломец
на политички науки во Скопје), Енис
Салифоски (студент на правен
факултет при Југоисточно европскиот
универзитет во Европа) Роберт
Алаѓозовски (Контрапункт,
Скопје). Модератор беше Никола
Гелевски
|
|
Во текот на
разговорот активно, динамично, на
моменти и конфликтно, но сепак
конструктивно се преиспитуваа и
утврдуваа стојалиштата на
Македонија во поглед на претстојните
локални процеси на децентрализација,
демократизација, интеграција и
движењата на глобализираниот свет.
Дебатата, која беше разработена со
локалниот партнер, имаше цел да ги
поттикне размислите на луѓето од
домашното милје за глобалните
светски трендови и перспективите на
локалниот македонски контекст
прекршен преку тие трендови. Во текот
на разговорот активно, динамично, на
моменти и конфликтно, но сепак
конструктивно се преиспитуваа и
утврдуваа стојалиштата на
Македонија во поглед на претстојните
локални процеси на децентрализација,
демократизација, интеграција и
движењата на глобализираниот свет.
Официјални учесници беа: Зоја
Бузалковска (режисерка и членка на
Хелсиншкиот комитет од Скопје),
Димитрие Дурацовски (член на НВО Рубљов
и актуелен директор на Домот на
културата во Струга), Љупчо
Печијаревски (академски професор при
универзитетот во Прилеп и експерт за
културна политика и меѓуетнички
односи), Марко Петрушевски (прозаист,
теоретичар на популарната култура во
Македонија од Скопје), Едита Ибраими (постдипломец
на политички науки во Скопје), Енис
Салифоски (студент на правен
факултет при Југоисточно европскиот
универзитет во Европа) Роберт
Алаѓозовски (Контрапункт, Скопје).
Модератор беше Никола Гелевски. На
дебатата беа присутни околу 80
посетители, припадници на различни
етнички заедници. Интензитетот на
нивната вклученост беше огромна. На
моменти се застрануваше од основните
насоки на однапред утврдената тема,
но тоа беше прифатено бидејќи
жителите на Струга имаа ретка
можност да зборуваат отворено, без
заддршка за своите проблеми.
Интересен е заклучокот на
дискутантите кој укажа на тоа дека во
Македонија невладиниот сектор може
да покрене многу повеќе случувања и
да ја разбуди инерцијата во малите
градови отколку што можат
претставниците на официјалната
власт. |
|
|
|