Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

Организирано дејствување во процесот на културната децентрализација, работилница, Универзитетот на Југоисточна Европа, Тетово, 31 мај 2003 година

Целта на оваа работилница е да се покрене иницијатива за заедничко дејствување и подобрување во областа на прилично хереметичната, апатична и нефункционална културна и општествена атмосфера.

Културниот центар Точка од Скопје, кој е основан во мај 2002 година, како иницијатива на здружението на граѓани Контрапункт и на списанието за децентралистичка култура Маргина, на 31 мај 2003 година на Универзитетот на Југоисточна Европа, во Тетово, ја одржа работилницата на тема Организирано дејствување во процесот на културната децентрализација. Целта на оваа работилница, која е дел од проектот Слевање на маргините е да се покрене иницијатива за заедничко дејствување и подобрување во областа на прилично хереметичната, апатична и нефункционална културна и општествена атмосфера. Македонија е водена од патријархалниот, патерналистички код на размислување и токму тоа е она што сметаме дека е клучот за состојбата во која што сме. Нашата заложба е менување на постоечката културна клима, а тоа може да се постигне само преку поврзување и мобилност, како физичка така и интелектуална, што ќе обезбеди проток и размена на информации. Досега секоја локална средина дејствува прилично изолирано, а тоа резултира во непознавање на Другиот. Затоа Културниот центар Точка за своја мисија ја има афирмацијата на културата на интеграции и различности, постојано преиспитување на културните политики, детектирање и деконструирање на сите облици на културна дискриминација, иницирање на културна продукција на локално и на регионално ниво, стимулирање на интеграција на општествено маргинализраните заедници, идентитети и групи.

Она што сметаме дека треба да се постигне е модел во кој ќе се укаже на можноста да се реализираат иницијативите на поединци и групи не само со беспомошно очекување на поддршка од државата, туку и со обединување на заедничките сили на директните учесници, и со зајакнување на зедничкиот настап во јавноста.

Работилницата беше првиот чекор во планирањето на понатамошното заедничко дејствување, што ќе подразбира серија дебати, промоции, изложби низ Македонија во кои ќе бидат вклучени учесници, творци, и теоретичари од разни делови на земјата и од различна етничка припадност. Овој проект е поддржан од Институтот Птворено Општество и од Швајцарската агенција за соработка и развој.

Медијатор на работилницата беше Славица Инџевска од Институтот Отворно Општество, а локален организатор Линдита Кадриу.

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |