Слевање на маргините

 Што е слевање | Архива на настани | Графички материјали |

 

 

дебата Идентитет и современоста, 
Тетово, Универзитет на Југоисточна Европа


На 04.12.03. колективот на Точка беше во Тетово на Универзитет на Југоисточна Европа, каде ја одржавме дебатата Идентитет и современоста. Учесници беа: Линдита, Кадриу, Мируше Хоџа, Емилија Георгиевска, Владимир Јанковски, Роберт Алаѓозовски, Џабир Ахмети, Искра Гешоска, студенти од Факултетот за комуникологија. Одлучивме, после искуството со Дебар, овој настан да биде во друг контекст, да не биде препуштен на стихијата на јавниот живот, каде што нема никаква навика за културно живеење, туку да биде во средина, исклучително мултикултурна и отворена, од каде што сме сигурни дека ќе се дисперзираат нашите заложби.

На дебатат беа присутни шеесетина студенти и професори (Македонци, Албанци и Турци) кои покажаа огромен интерес за проектот и кои покажаа заинтересираност за директно вклучување во него. Особено бевме изненадени од популарноста на списанието Маргина, меѓу студентите и професорите. Со тоа се потврдува уште еднаш дека Маргина е можеби вистинскиот столб за принципите на децентрализација во нашиот проект. Дебатата траеше два часа, при што се промовираше и проектот за кој присутните веќе беа чуле преку кампањата и медиумите.

Особено интересни беа реакциите за графичките пораки што ги содржи кампањата како и за пораката на сликовницата. Се потврди дека навистина таа ги допира најсуптилните нивоа на општествените проблеми кај нас.

 
 Контрапункт | Точка | Слевање на маргините | Маргина | Галерија |