|
29.05.2002
 Културниот
центар Точка се отвори на 29 мај 2002 година со изложбата на Игор
Тошевски, Трансфери, и со пригодните зборови на архитектот /на
внатрешните надворешни светови/ Митко Хаџи Пуља и на уредникот /на
несигурните орбитални светови што постојано измолкнуваат, т.е.
надзорникот и набљудувачот на електронските судари/ Никола Гелевски.
01.11.2002
 На
први ноември 2002 во културната локација Точка се одржа дебата на тема
- Каде завршува патриотизмот а каде започнува национализмот, која се
реализира во рамките на проектот Жени активистки во прекугранична
акција.
22.09.03
Културниот
Центар Точка беше домаќин на двајцата холандски Патувачки сликари и на
нивната асистентка од Босна и Херцеговина, Маја Чворо. Не само што
логистички ги поддржавме, туку и бевме активно вклучени во сите
проблеми што ги "снајдоа" во оваа наша држава, со органите на редот,
параноични и гротескни.
05.02.2004
На
јавната панел дискусија за сегашноста и иднината на македонското
издаваштво беа поканети педесетина луѓе, во прв ред издавачи, уредници,
писатели, преведувачи, книжари, библиотекари, надлежни од
Министерството за култура, од ФИООМ, како и, се разбира, новинари.
Непосреден поттик за организирање на ваквиот панел беа скорешните
стратешки документи кои државата ги донесе не само во врска со
перспективите на издаваштвото во периодот 2004-2008 туку и со
целокупната културна политика на Р. Македонија. Неодминлив поттик за
дискусија беа и вообичаено контроверзните овогодишни резултати од
конкурсот за издаваштво.
|