Климатските промени во винопроизводството: новиот предизвик со кој мора да научиме да се справуваме

Во Скопје се подготвува првата национална конференција целосно посветена на климатските промени во контекст на винопроизводството во земјава. Премиерното издание на конференцијата ќе се одржи под насловот „Влијанието на климатските промени во винопроизводството“ на 16 ноември во Скопје, организиран од Здружението на вински консултанти и едукатори „Калем-ење“ овозможен преку поддршка на Амбасадата на Република Словачка во Скопје во рамки на програмата на Slovak Aid. 

Собирајќи на едно место педесетина енолози, винари, лозари и експерти од академската фела, конференцијата има за цел да отвори дискусија околу социоекономските импликации кои ги претрпува производството на вино под влијание на климатските промени и изнаоѓање на можности за успешно справување со нив во иднина.

Винската индустрија на глобално ниво е една од областите кои се најмногу погодени од климатските промени заради директното влијание на растот на лозата и понатамошниот процес на производството на виното. Имајќи предвид дека Република С. Македонија се соочува со последици предизвикани од климатските услови, конференцијата ќе се осврне на овие предизвици, но уште поважно ќе се фокусира на процесот на спречување на ефектите од климатските промени на лозјето и последователно во производството на вино и како да се ублажат.

  • Додека како човештво се обидуваме да најдеме долгорочни решенија за справување со климатските промени, истовремено мораме да изнајдеме начини и да креираме механизми кои ќе овозможат релативно нормално функционирање во новосоздадените услови. И покрај неоптималните услови поттикнати од климатските промени, нашата земја нуди огромен потенцијал за развој на винската култура и во полето на лозарството и винарството, па оттука и идејата и мотивацијата за еден ваков настан: да научиме едни од други како она што го работиме да го работиме уште подобро креирајќи подобри услови за целата винска индустрија. – вели Ивана Симјановска, претседателка на здружението „Калем-ење“ кое стои зад иницирањето и организирањето на настанот. 

Зад дебитирањето на овој настан, стои идејата истиот да прерасне во долгорочна пракса на пренесување на знаење, размена на искуства и обезбедување простор за учење и регионално, како и да се продолжи со мисијата на унапредување на винската култура преку одржливо и квалитетно винопроизводство, со посебно внимание на автохтоните видови специфични за нашето подрачје.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.