Дали постоела цивилизација пред луѓето?

Пред неколку години излезе т.н. Силурска хипотеза, според која ако постоела цивилизација пред неколку стотици милиони години, денес не би останале никакви физички докази за неа.

Единственото нешто што евентуелано би можело да „преживее“ е пластиката и траги од радијација. Сите други материи би се дезинтегрирале и не би оставиле никаков доказ.

Но, што е со блиските планети, или Месечината? Ако таа цивилизација постигнала некој стадиум на развој како нашата во 20-тиот век, зарем ќе немаше остатоци од неа на Месечината? Таму нема геолошка активност како на нашата планета која би ги збришала остатоците од цивилизацијата. На Месечината, барем колку што ни е познато, нема остатоци од друга цивилизација.

2.400 години стар т.н. механизам од Антикитера, еден вид аналоген сметач какви се познати во западната цивилизација дури по 13-от век

Значи, единствената надеж ни е дека ќе најдеме парче пластика од пред стотици милиони години на нашата планета. Сепак, радијацијата може да биде и од други причинители. Значи, пластиката која толку не ја сакаме всушност би била единствен доказ за постоењето на цивилизација. Но, што ако таа цивилизација била попаметна од нашата и воопшто не создала пластика?

Но, што е со познатите фосили кои се датирани дури и до 3.5 милијарди години? Теоријата не ја негира таа можност, само искажува дека тоа се случува екстремно ретко и дека човечката урбанизација покрива само 1% од целата планета.

Ова е интересен мисловен експеримент и се нарекува така бидејќи е малку веројатно дека може да се докаже практично. Ако ве интересира повеќе за теоријата, прочитајте ја студијава.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.