Помалку пластика за подобар свет!

Помалку пластика“ е нова група од тимот на „Иницијатива за ослободување од еднократна пластика“ и „Арно.мк“.

Фокусот на „Помалку пластика“ е:

  • Да се спречи прекумерното создавање на отпад;
  • Да се споделат одржливите алтернативи на еднократната пластика;
  • Да се излезе од стапицата на индустријата за пластика и други еднократни производи;

Зошто? Еве зошто:

  • Во ек на климатска криза индустријата беспоштедно ги троши ресурсите
  • Со користењето на еднократни производи ние сме соучесници;
  • Пренатрупани сме со пластика од секаков вид. Пластични шишиња, чаши, лажички, садови, кеси, амбалажи и други пластични непотрепштини.
  • Фрлената или запалена пластика ѝ нанесува штета на природата и на нас.

Што сакаме? Да поттикнеме индивидуално и колективно залагање за:

  • Исфрлување на еднократна пластика од употреба
  • Алтернативни практики за повеќекратна употреба
  • Одговорна употреба и реупотреба
  • Вршење притисок врз надлежните за закони за забрана на еднократна пластика и нивна примена.

Приклучете се!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.