Како би изгледала Шведска кога би била на Балканот?

На Редит постои една интересна дискусија која, како r/place е место на постојано дополнување и идеи. Темата на дискусијата е „Како би изгледала една населба во Шведска кога би се наоѓала во Источна Европа“.

Сликата која е споделена е доволна сама за себе.

Што гледаме на сликата што не сме го виделе во Македонија?

Бандери и жици за струја (која се краде) насекаде. Контејнерите се сред пат, натрупани со се и сешто, а во нив „копа“ една бабичка. Кучиња скитници владеат со улиците, а шахтите се полуотворени. Зелените површини се преполни со паркирани автомобили и билборди, а дрвјата се исечени. Наместо нив се градат висококатници, а околината е вечно градилиште.

Зградите се со затворени тераси, доградби, надградби, а фасадите наџиџани со клима уреди, сателитски антени и графити. Комшијата е на тераса по гаќи, а на најдолниот кат има продавничка, заедничките дворови на зградата се претворени во приватни.

Дали нешто фали? Тоа е Источна Европа, а уште повеќе Балканот и Македонија, па уживајте!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.