Направи своја графичка новела со помош на вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција во последната година направи огромен напредок.

Веќе зборувавме за освојувањето на креативните полиња од страна на проектите како DALL-E, GPT-3, MidJourney и други.

Се поставува прашањето колку вештачката интелигенција создава нешто ново или едноставно прави „ремикс“ од постоечките бази на слики и креативни творби од разни автори.

Луѓето од Corridor Crew се обидуваат да одговорат на тоа прашање со внесување на слики од едниот од нивните членови. Се работи само за неколку слики направени со мобилен телефон (за разлика од 3Д рендерите кои бараат специјална машинерија и илјадници слики).

Резултатите се фасцинантни. Со оваа технологија не само што ќе можат да се создаваат поединечни слики во одреден стил, туку и цели стрипови, анимирани филмови, а потенцијално и долгометражни филмови.

Corridor Crew создаде една цела графичка новела со помош на фотографии од луѓето во тимот со помош на вештачка интелигенција.

Со доволно процесорска и графичка моќ (речиси) секој може да го направи истото.

Колку тоа е закана за уметниците во иднината, па и актерите, останува да видиме.

Ако сте заинтересирани сами да експериментирате, посетете го линков.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.