Докторска теза на Нил Деграс Тајсон ја нема на „Старо купујем“!

Најпознатиот популаризатор на науката денес Нил Деграс Тајсон докторирал на 33 години со дисертација од 370 страници, на тема центарот на нашата галаксија.

Според дефиницијата, докторските тези се плод на долгогодишно научно истражување и мора да содржат оригинален придонес за човечкото знаење!

Како ви се чини тоа во споредба со нашите „доктори на науки“ (секоја чест на исклучоците) кои се експерти по купување дисертации и провлекување низ дупките на системот? Очајно, нели. Но, да се навратиме на темата.

На каналот Tibees можете да видите разни видеа за физиката, математиката, астрономијата и историјата на науката.

Во последното видео Тоби (блогерката на каналот) не воведува во докторската теза на Нил Деграс Тајсон, како што самата вели „ја прочитав неговата теза која е 370 страници долга, за да не морате вие да го направите тоа.“

Докторските тези, како што вели таа, не се наменети за општата публика, туку само за експертите, и „се плод на долгогодишно научно истражување и мора да содржат оригинален придонес за човечкото знаење.“

Нил Деграс Тајсон, со години најдобриот и најпознат популаризатор на науката, вистински наследник на Карл Саган, не докторирал од прв пат. Всушност неговата теза е втор обид за докторат. Првиот обид му „пропаднал“, затоа што имал премногу интереси за да се посвети само на тезата.

Tibees на еден разбирлив и секојдневен јазик ја „прочешлува“ тезата на Тајсон и ги објаснува основните принципи.

Неговата теза е цитирана во повеќе од 2.000 други научни трудови, но сепак блогерката заклучува дека таа е одлична за основно (можеби не толку напредно) познавање на темата и како вовед во она што Тајсон ќе стане во следните години – најдобриот комуникатор во полето на науката денес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.