Норман Роквел, (1894-1978) бил американски илустратор најпознат по неговите насловни страници за списанието The Saturday Evening Post.
Роквел ја добил својата прва хонорарна задача од Condé Nast на 17-годишна возраст и потоа работел за различни списанија. Во 1916 година ја продал својата прва насловна страница на The Saturday Evening Post. За истото списание во следните 47 години илустрираше вкупно 322 насловни страници.
Од 1926 до 1976 година Роквел исто така го илустрирал официјалниот Календар на извидници (Boy Scout Calendar). За време на Втората светска војна, постери од неговите слики кои ги прикажуваат „Четирите слободи“ (“Four Freedoms”) беа репродуцирани и дистрибуирани од американската Канцеларијата за воени информации (Office of War Information).
Роквел бил внимателен илустратор со способност реално да ги претставува деталите. Темите на повеќето негови илустрации биле земени од секојдневниот семеен и приградски живот и честопати биле третирани со доза на хумор.
Иако бил сакан од јавноста, делото на Роквел беше отфрлено од повеќето критичари како уметнички безвредно. Денес неговите илустрации се сметаат за иконички дел од американската популарна историја. Голем дел од нив се чинат како да се „излезени“ од филмовите на деценијата која ја прикажуваат.
Во 1977 година тој бил одликуван со Претседателскиот медал на слободата – највисоката награда во САД за време на мир.
Ова се некои од неговите дела:








