Пред да ги испратиме маските во историјата, да не заборавиме дека тие оставија печат на неа.
Независно од тоа дали сте за или против нив, научен факт е дека тие спасија безброј животи. Ако не ни верувате нам, белким ќе верувате на 49 избрани научни студии кои потврдуваат дека маските се ефикасни во заштитата од вирусите.
Додека ја чекаме зимата и скопскиот смог, како повторна прилика за враќање на маските во мода, да се потсетиме како маските влијаеле на уметноста.
„Корона Лиза“ на Хајати Еврен стана „меме“ и се најде врз маици, торби и чаши (Извор: Хајати Еврен)
Пародијата на „Девојката со бисерна обетка“ од Јоханес Вермер, „Девојката со пробушено ушно тапанче“ на графити уметникот Банкси, неодамна беше доцртана со маска (Извор: PA)
Графити уметникот Hijack нацрта графит на две маскирани фигури со детергент, прашко и правосмукалка
Татсуја Танака користеше маски во серијата минијатурни календари (Извор: Тацуја Танака)
Уметникот Ертан Атај (failunfailunmefailun) има поинаква визија. Портрети на познатите уметници со маски со мотиви од нивните најпознати дела. Особено е одличен приказот на Салвадор Дали. Кој ја познава неговата уметност ќе разбере и зошто на неговата маска нема мотив од неговите дела… или има?






