Какви јајца јадеме во Македонија?

Ако некогаш сте се запрашале што значат оние чудни бројки и букви врз јајцата тогаш сте на вистинско место.

Секое јајце има печат врз него и тој изгледа вака:

Во „Правилникот за начинот на означување на јајцата наменети за пазар“ стои вака:

Јајцата од класа А кои се пласираат на пазарот се означуваат со производен код кој е составен од најмногу 13 ознаки.

Првата ознака на производниот код се однесува на начинот на одгледување (0-3), следните две ознаки се код кој ја означува земјата на потекло (МК), а останатите девет ознаки се однесуваат на регистарските податоци за регионот во кој е лоциран објектот, бројот на операторот кој ги обележува јајцата и
производствената единица од објектот.

Јајцата од класа А по однос на начинот на одгледување се означуваат со:

  • 0 – oрганско производство, какво што нема во Македонија. Кокошките се хранат со органска храна, слободно шетаат и не се принудени да носат јајца со хормони или нехумани методи.
  • 1 – слободно одгледување, каде што кокошките слободно трчаат и „пасат“
  • 2 – шталско одгледување, не се затворени во кафези, но се во затворени „штали“
  • 3 – кафезно одгледување, јасен е терминот

Од јајцата кои се наоѓаат во продажба по супермаркетите ние сретнавме само (и исклучиво) јајца со ознака „3“. Тоа значи дека од тие извори можеме да заклучиме дека освен кафезно одгледување, кое во светски рамки важи за најниска категорија, кај нас за комерцијални потреби не се применува друг тип.

На пазарот можат да се најдат и јајца одгледани во похумани услови, како и домашни јајца, но во масовна потрошувачка и по маркетите доминираат тие кои се означени со најниска категорија.

Какво е вашето искуство?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.