Мустаќлии кои го смениле светот

Ова е седма книга во едицијата Фактопедија. Досега зборувавме за врвните научници и пронаоѓачи како Исак Њутн, Алберт Ајнштајн, Стивен Хокинг и Никола Тесла, за кинеските историски изуми и за едно многу значајно прашање во нашата средина – зачувувањето на околината и чистиот воздух. Решивме да станеме помалку сериозни и затоа перото го препуштивме на нашиот Исак Сима,
дел од тимот на arno.mk.

Запознајте се со мустаќлиите кои оставиле печат низ историјата во разни области – наука, технологија, литература, музика, филм, револуционери, филозофи, луѓе кои го обликувале светот според формата на сопствените мустаќи!

САЛВАДОР ДАЛИ

ШПАНИJА | 1904 – 1989 | УМЕТНИК

Сликар надреалист кој посветувал внимание на своите мустаќи речиси колку и на уметноста! Бил бунтовник и двапати бил избркан од училиште, а фашистичкиот лидер на Шпанија франко го избркал од кругот на надреалистите. Тоа не го спречило да остане еден од највлијателните уметници со делата како „Доследноста на сеќавањето“ (Меки часовници).

ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ

МАКЕДОНИJА | 1872 – 1903 | РЕВОЛУЦИОНЕР

Гоце Делчев, револуционер кој се борел за македонската самостојност. Освен за правото на величествено бушави мустаќи, се застапувал и за правата на сиромашното население, а светот го разбирал единствено како „поле за културен натпревар на народите.“ Загинал во Баница, Серско, Егејска Македонија.

ЧАРЛИ ЧАПЛИН

АНГЛИJА-САД | 1889 – 1977 | АКТЕР

Татко му починал кога бил мал, а мајка му завршила во лудница, по што Чаплин морал да се издржува сам и бил актер од раното детство. Се борел за правата и независноста на актерите од големите студија и ги оформил Јунајтед Артистс. Како социјалист бил „прогонет“ од САД цели 20 години. Неговите познати мустаќи биле популарни пред стилот да го преземе… знаете кој.

АЛБЕРТ АJНШТАJН

ГЕРМАНИJА | 1879 – 1955 | НАУЧНИК

Tеоретски физичар и нобеловец најпознат по неговата Теорија на релативноста и Теоријата за еднаквост на масата и енергијата, E=mc2. Mагазинот „Тајм“ во 1999 година го има именувано за Личност на векот. Неговото наследство во науката и популарната култура живее и денес, како и неговите навики за необлекување чорапи и разбушавени мустаќи, за разлика од еден друг генијален физичар…


Прочитајте повеќе во книгата „Мустаќлии кои го смениле светот“.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.