Кои се најдобрите магазини за литература на англиски јазик?

Листата на најдобрите магазини за литература може да е објективна (награди, признанија, објавени автори кои постигнале успех, фреквенција на објавување, квалитетот или оригиналноста на објавените содржини итн.) или субјективна. Нашата листа е по малку од двете.

Narrative

Narrative Magazine - Literary Magazines

Од 2003 година Narrative е нов вид библиотека – глобално место за состаноци, каде се среќаваат читателите и писателите. Тука може да се сретнете со дела од највисок книжевен калибар, можности и за етаблирани и за нови писатели, во потрага по нова генерација таленти. Обезбедуваат и менторство за читање и пишување на недоволно развиените училишта ширум светот и секој ден, цела година ја нудат нивната широка библиотека од илјадници приказни, песни, есеи, цртани филмови и повеќе за читателите насекаде бесплатно.

Electric Literature

Electric Literature: #1: Cunningham, Michael, Cooper, T, Millet, Lydia,  Shepard, Jim, Wagman, Diana: 9780982498002: Amazon.com: Books

Electric Literature започна како квартално списание во 2009 година. Покрај есеи, критики и литературни вести на сајтот се наоѓаат и неделните литературни списанија: Recommended Reading, кое објавува раскази и извадоци од романи со лични препораки и The Commuter, магазин за флеш-фикција, поезија и графичка нарација.

The Sun

The Sun Magazine

The Sun е независен магазин, кој повеќе од четириесет години користи зборови и фотографии за да ги опее сјајот и болката на човекот. Секој месечен број го слави животот, но не на начин кој ја игнорира неговата сложеност. Личните есеи, раскази, интервјуа, поезија и фотографии кои се појавуваат на страниците на The Sun ги истражуваат предизвиците со кои се соочуваме и моментите кога ги надминуваме.

Hazlitt

Hazlitt

Hazlitt е дом за писатели и уметници кои ги кажуваат најдобрите приказни за работите кои им се најважни. Може да се работи за уметност, звук или текст, фикција или нефикција, хумор или критика, Хазлит е хуман, разновиден и посветен на приказни кои не се раскажуваат на друго место.

McSweeney

McSweeney's Issue 30 - The McSweeney's Store

McSweeney’s Publishing е американска издавачка куќа основана од уредникот Дејв Егерс во 1998 година, со седиште во Сан Франциско. McSweeney’s објавува романи, книги со поезија и други периодични изданија. Добитникот на десетици награди за својот придонес во литературата и издаваштвото беше прогласен од Fast Company како седма најиновативна медиумска компанија во САД во 2012 година.

Conjunctions

Conjunctions — The forum for innovative writing

Conjunctions е двогодишно американско литературно списание основано во 1981 година. Списанието објавува иновативна белетристика, поезија, критика, драма, уметност и интервјуа и од новите и од етаблираните писатели. Обезбедува форум за речиси 1.000 писатели и уметници. Има за цел да одржува постојано висок уредувачки и продукциски квалитет со намера да привлече голема и разновидна публика. Публикацијата често содржи околу 400 страници по број.

Gettysburg Review

0s&1s Reads | literary playground—Gettysburg Review

Gettysburg Review е квартално книжевно списание основано во 1988 година кое содржи раскази, поезија, есеи и критики. Делата што често се појавуваат во списанието се препечатуваат во „најдобрите“ антологии и добиваат награди. Заедно со свежи и нови раскази, тој е отворен за објавување оригинална поезија, без разлика дали е кратка или долга, и извадоци од романи.

Threepenny Review

Duotrope's Interview with The Threepenny Review

The Threepenny Review е американско книжевно списание основано во 1980 година. Се издава во Беркли, Калифорнија. Одржувајќи квартален распоред (март, јуни, септември, декември), нуди фикција, мемоари, поезија, есеи и критика на 10.000 читатели.

The Kenyon Review

Summer Reading Recommendations from the Kenyon Review – Theodore Wheeler

The Kenyon Review е во срцето на литературата од 1939 година кога поетот и критичар Џон Кроу Рансом го започна списанието во кампусот на колеџот Кенион. Меѓу писателите кои се појавиле во него се Т.С. Елиот, Роберт Лоуел, Питер Тејлор, Томас Пинчон, Силвија Плат, Дорис Лесинг, Едвард Саид, Урсула Ле Гуин, Џозеф Бродски, Роберт Хас, Семјуел Бекет, Итало Калвино, Џојс Керол Оутс и многу други. Многу од нив биле објавени на почетокот на нивните кариери.


Ова е првиот дел од нашата листа… наскоро вториот дел!

One thought on “Кои се најдобрите магазини за литература на англиски јазик?

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *