Алена Аенами, модерен дигитален уметник од Украина

Алена е дигитален илустратор и модерен концептуален уметник од Украина со 7-годишно професионално искуство. Нејзиното вистинско презиме е Величко, но се претставува како Аенами.

Работи првенствено на концепти за игри, уметнички наслови на албуми и дигитални илустрации
Нејзините клиенти биле: Passion Pictures, Procreate, Wizards of the Coast, Nexus Studios, LofiGirl, Roof Studio и други. Алатките кои ги користи се Paint Tool SAI и Photoshop, а сака да скицира на iPad Pro, се разбира за проекти кои не бараат премногу тежок хардвер.

Таа создава вселенски пејзажи на кои би завиделе и од НАСА. Футуристички, но сепак на некој необичен начин носталгични, нејзините дела создаваат чувство на меланхолија и копнеж. Боите се јаки, но би згрешиле да ги наречеме „кич“, повеќе би одговарал кој било од следниве термини: future-retro, retro-wawe, neon digital art или neon cyberpunk. Пејзажи од иднината, вселенски пејзажи врз хоризонтот на урбаниот футуризам, глетки од соништата или од научно-фантастичните филмови.

Escape (Бегство)
Somewhere In Time 🌌 (Некаде во времето)
Lost In Between (Изгубени помеѓу)
Far From Tomorrow (Далеку од утре)

Нејзините дела совршено би одговарале за корица на некое дело од пионерот на киберпанк движењето Вилијам Гибсон или за филмот Трон: Наследство (Tron: Legacy).

Нејзиното присуство на речиси сите модерни (и уметнички) социјални медиуми, укажуваат на новите начини на промоција и популаризација кои ги користат младите уметници. Таа е многу присутна на Редит заедницата за уметност со 20 милиони членови.

Повеќе нејзини дела можете да видите на следните линкови:

https://aenamiart.artstation.com/
https://www.artstation.com/aenamiart
https://twitter.com/aenami_art?lang=en
https://www.instagram.com/aenami.art/?hl=en
https://www.deviantart.com/aenami
https://www.behance.net/aenami

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *