Плугот ја измислил модерната цивилизација, но кој го измислил плугот?

Сумеријците се главните виновници за создавањето на плугот околу 3.100 г. пне.

Плугот бил нарекуван „ard“, пренесено како “aro” во старогрчки и латински (а како кај нас станало „старо аро“ не е познато), зголемувањето на популацијата поради способноста да се одгледува повеќе храна и да се живее на едно постојано место.

Се вели дека сумеријците, освен плугот, како вистински добри претходници на капитализмот, направиле и Прирачник (алманах) за фармерите  (3.500 г. пне.) за тоа како да се користат различните модели на овој производ, како се подготвува почвата за орање, кога, со колку луѓе и како се ора, со детални упатства за ширина, длабочина на браздите и начинот на сеење, како и која молитва да се кажува на Нинкилим, божицата на глодарите од полињата, со цел да се заштитат посевите од овие штеточини и да обезбедат 4-5 пати повеќе род, отколку со рачно сеење.

Значењето на воловите за орањето било толку големо што постоел т.н. „Воловски законик“ кој постоел посебно и како дел од познатиот „Законик на Хамураби“ според кој се одредувале правилата на „рент-а-вол“: „Ако тој што изнајмува му оштети едно око на вол, ќе плати пола од вредноста, ако оштети рог ќе плати една третина, ако оштети копито четвртина… Ако волот се удави при преминување река, ќе го плати во целост, а ако лав го убие додека влече плуг, не мора да го исплати.“ (извадок од вистинскиот законик)

Во Месопотамија агрикултурата имала толкаво значење што дури и најмалата мерка за тежина била 1 зрно јачмен („se“ или „uttetu“), а 1 литар („sila“) се изразувал како 10.800 зрна јачмен.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *