Музички времеплов низ најзначајните жанрови од САД и Англија: 1950-2000

Многумина од љубителите и познавачите на музиката можат јасно да ги одредат децениите на минатиот век според музиката. Да видиме кои се најзначајните музички жанрови и нивните претставници од 1950-та до 2000-та година.

1950-тите: рокенролот се раѓа!

Доминантни се звуците на рокенролот, а во помала мерка и Бибоп, Бигбенд и Кантри (пред се во САД).

Како позначајни имиња и бендови се истакнуваат: Elvis Presley, Chuck Berry, Little Richard, Jerry Lee Lewis, Buddy Holly, Fats Domino, Johnny Cash, Nat King Cole, Hank Williams, Ray Charles итн.

1960-тите: британска и хипи инвазија

Рокенролот е далеку од мртов, а од Англија на американската (и светската сцена) напаѓаат британските бендови. Битлманијата е во ек, а хипи движењето го зафаќа целиот западен свет!

Позначајни бендови се: The Beatles, Bob Dylan, The Monkees, The Rolling Stones, Aretha Franklin, The Beach Boys, The Jimi Hendrix Experience, The Moody Blues, Janis Joplin, Cream…

1970-тите: диско манија!

Дискотеките се во полн ек, но исто така е и хард рок музиката, хипи движењето е се уште актуелно. Кон крајот на деценијата се јавува и панк движењето, како и зачетоците на хип-хоп музиката!

Позначајни бендови и личности се: The Doors, The Who, The Jackson 5, Marvin Gaye, Rod Stewart, Diana Ross, Paul Simon, The Bee Gees, The Ramones, Sex Pistols, Patti Smith, Kool & The Gang, Parliament-Funkadelic, Kansas, ABBA, Donna Summer, Queen, Blondie, The Carpenters, Elton John, Billy Joel…

1980-тите: глам рок, треш метал и хип-хоп!

Какво свето тројство – да се чудиш! Музиката станува индустрија, а долгите коси, скинатите фармерки, дречливите бои и рапувањето се дел од мејнстримот.

Бендовите се веќе премногу, еве само некои од нив: Michael Jackson, David Bowie, Billy Joel, Duran Duran, The Police, U2, Van Halen, Def Leppard, Poison, Twisted Sister, Madonna, Phil Collins, Motley Crue, Prince, The Cure, Depeche Mode, Public Enemy, Run-DMC, MC Hammer, Beastie Boys, LL Cool J, New Kids on the Block…

1990-тите: гранџ, алетернатива и рап!

Најголема музичка појава на оваа деценија е гранџот, но и пост-панкот оживува, како и електронската музика (break beat, jungle, house, drum and bass, како и многу други електронски жанрови). Музиката станува премногу еклектична за да може да се ограничи во еден жанр.

Позначајни бендови се: Nirvana, Pearl Jam, MC Hammer, Britney Spears, Backstreet Boys, Soundgarden, Red Hot Chili Peppers, Vanilla Ice, 2Pac, Notorious B.I.G., Snoop Dogg, Ice Cube, Madonna, The Offspring, Green Day, No Doubt, R.E.M., Weezer, Guns & Roses, Alanis Morisette, Oasis, Metallica, Nine Inch Nails, Cypress Hill…

Што се случува по 2000-тата на музичката сцена и дали е тоа крај на големите музички жанрови засекогаш? Останува да видиме во следното издание на музичкиот времеплов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.