Музичка позадина за креативната работа

На луѓето кои работат во креативните индустрии музиката честопати им служи како позадина за подвизите во сферата на креативното. Ова е моја кратка листа за омилени албуми кога пишувам, дизајнирам или правам нешто креативно. Која е вашата?

1) Alfa Mist – Antiphon

Британски музичар, кој преку хип-хоп и грајм стигнал до неговата вистинска љубов – џезот. Албумот е конципиран и испреплетен со разговори кои ги водел со неговите браќа. Мешавина на џез, соул и хип-хип, вистински меланхоличен албум… одлично за скопската „магла“.

2) Tommy Guerrero – No Mans Land

Култен скејтбордер со огромен талент за музиката! Албумот No Mans Land ќе ве однесе далеку во американските прерии во една џез-вестерн авантура со звуците на ѕвечарките и ритамот на амбиентален хип-хоп. Звучи неверојатно (добро), како и сите други негови албуми!

3) Robohands – Green

Се враќаме во Англија! Музичар чие вистинско име е Andy Baxter. Албумот е мешавина од амбиентална музика, џез и хип-хоп, со примеси на биг-бит и џангл, жанрови кои се веќе класика на британската музика. Мазно возење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.