Creative.mk – прв македонски агрегатор за вести од уметноста, културата и креативните нешта!

Тимот на арно.мк ви го претставува првиот агрегатор за културно-уметнички вести во Македонија – creative.mk.

Како што пишува на агрегаторот „creative.mk е агрегатор на кој можете да ги најдете сите најнови вести и текстови од областа на културата, уметностите и креативните нешта. Заедно со нашиот агрегатор science.mk за најнови вести од науката и технологијата се работи за обид за популаризација на науката, културата и уметноста на македонски јазик, нешта кои недостасуваат или се недоволно достапни во медиумите.

Вестите и текстовите ги преземаме од проверени извори и сајтови на кои им веруваме. Сметаме дека во денешно време е многу битно да се занимаваме со „убавите нешта“ и да се бориме против шундот и кичот кој ни се наметнува преку стандардните медиуми, но и зазема голем дел од интернет медиумите.“

За уметноста – против турбо-фолкот!“

Агрегаторот е во бета верзија и сеуште се надополнуваат изворите. Сите сајтови кои според тимот на Арно.мк кои немаат или имаат непотполн RSS се вклучени како линкови на дното на сајтот, како на пример: Репер, Cooltura, Самоглас, Кантарот, Умно, Reborn, Обични луѓе, Кантарот итн.

Како линкови се вклучени и сајтови кои не се занимаваат со култура и уметност, но имаат тагови за тие области, како Офнет, Факултети, Мотика, Мета.мк, Life, mia.mk, crnobelo, mkd, SDK, Слободен печат (филм), Daily, Нова Македонија, Плус Инфо, Студенти, Магазин итн.

Кога работевме на science.mk мислевме дека состојбата со интересот за науката кај нас е лоша. Потоа кога преминавме на creative.mk бевме убедени дека секој портал и онлајн магазин, или општ агрегатор барем има „таг“ за култура, но работата со културата испадна полоша.

Целта на creative.mk е да го поттикне подобрувањето на оваа ситуација, како и интересот за културата, уметноста (музика, филм, книги, театар…) и креативните нешта во нашата средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.