3 алтернативни агрегатори наместо „Time mk“ за најнови вести

Time.mk (тајм.мк) е најстаријот и најпознатиот агрегатор за вести во Македонија. Но за жал Тиме.мк фаворизира политички вести од неколку избрани сајтови, додека вести за наука или екологија речиси не постојат.

Ние од arno.mk се обративме до time.mk неколку пати, но бевме одбиени да бидеме вклучени во нивниот агрегатор. Во нашата порака им пишавме:

„Знаеме дека вие од time.mk барате апликантите да имаат 90.000 посети месечно, но за еден портал кој пишува претежно за наука, екологија и уметност, тоа е нереално висока бројка. Сметаме дека на тој начин се спречуваат малите портали да пораснат и да добијат публика, а со тоа и да вложат во својот развој.

На тој начин time.mk промовира содржини кои се неквалитетни (привлекуваат кликање) и носат повеќе лошо отколку добро на едно општеството. Во нашата средина квалитетните содржини се повеќе од потребни и се надеваме дека ќе направите отстапка за нашиот портал и ќе и дадете шанса на науката и вистинските вредности.“

Не наидовме на разбирање. Можеме слободно да кажеме дека Тајм мк е највлијателниот електронски медиум во Македонија, но за жал Тиме мк има монопол врз вестите во Македонија.

Како може да има прогрес во едно општество ако највлијателниот електронски медиум ги „цензурира“ порталите како нашиот кои се занимаваат со наука, уметност, култура, образование и екологија, и активно работиме на подобрување во сите тие полиња.

Затоа би сакале да ви предложиме 3 подобри алтернативни агрегатори на вести, наместо Тиме мк, како Грид.мк, news.net.mk и science.mk

grid.mk многу повеќе и поквалитетни извори за избор од time.mk
news.net.mk, помал агрегатор со и повеќе категории од time.mk
science.mk, единствен специјализиран агрегатор за наука и технологија во Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.