Mr. Beast е навистина ѕвер! YouTube забава за пари, екологија и општествени промени.

Mr. Beast е канал кој го гледаат деца, млади, но и возрасни заради интересните игри и предизвици. Зад него стои 23-годишниот Џими Доналдсон кој почнал да прави видеа на YouTube на 11 години. Но, уште на почетокот на неговото гостување кај Џо Роган сфаќате дека се работи за посветен млад човек со АДХД (по „нашки“ немирно дете) и опсесивно нарушување. Тоа личи на лоша дијагноза, но во случајов не е така.

Целата негова опсесивност и внатрешен немир уште од најмала возраст била насочена кон YouTube. Вели дека не се дружел со никој, освен со неколку луѓе онлајн со кои поминувал и по 15 часови во муабети и стратегии за тоа како нивните видеа да добијат повеќе кликови. Наскоро секој од нив имал милиони кликови.

Тоа за обичен човек може да се чини банално, но не е. Почнал со заработки од по 1 долар, а најголемата прва заработка му била 20.000 долари. Денес е милионер. Но, како што самиот вели, парите воопшто не го мотивираат и единствената мотивација да заработи му е да ги инвестира парите во следната идеја или нови видеа.

Преку забава до општествено корисни работи

team trees : r/TeamTrees

Она што особено ни се допаѓа кај него е што еден дел од неговите видеа се општествено корисни. Дали станува збор за подарување храна и пари на бездомници, или за садење дрвја, Mr Beast се труди да ги надмине сите други пред него и да подари и направи повеќе. Со истиот мотив ја има отворено и најголемата Food Pantry (народна храна) во областа во која што живее.

Интересно е да се види како размислува некој кој е роден во 1998 г. и кој целиот свој живот го поминал со технологијата и масовните интернет медиуми. Самиот вели дека идеите не се проблем и дека во секој момент има 1.000 идеи во фиока, проблемот е изведбата, зашто тој и неговиот тим одат до екстреми кога станува збор за видеата. Веќе поседува неколку хангари во кои секогаш истовремено работи на неколку видеа, а вработува неколку стотици луѓе.

Ако мислите дека станува збор за обичен јутјубер кој создава содржини и потоа збира пари од кликовите, помислете уште еднаш. MrBeast е исто така основач на MrBeast Burger и Feastables, и ко-креатор на Team Trees (20 милиони засадени дрвја), собирач на средства за фондацијата Arbor Day (над 23 милиони долари) и Team Seas, собирач на средства за Ocean Conservancy и The Ocean Cleanup (со над 30 милиони долари).

Arbor Day Foundation and YouTube Surpass Donation Goal to Pl

Она што е особено корисно е тоа што некој како него, со огромна и млада публика, може навистина да влијае на светот и да направи промена, а воедно и „воспитува“ армија млади луѓе да размислуваат за општествените, еколошките и другите значајни проблеми.

Неговата идеја не е да застане на САД, како што самиот вели, Америка не е светот. Заради тоа отвора и канали на сите поголеми светски јазици, со превод и гласовни актери, за да се прошири во светски рамки. За овој млад човек не постои друга насока освен напред и му посакуваме уште повеќе успех и да направи што повеќе корисни работи за општеството и светот!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *