Кој е најбрзиот воз на светот, од кога се користат возовите и зошто не излетуваат од шините?

Вагоните со дрвени шини на коњски погон се користеле уште од 1550-тите во Европа (прво во Германија) за транспорт на руда до и од рудниците. На овој начин вагоните со руда полесно се транспортирале по калливите патишта.

Во доцниот 18-ти век дрвените шини биле заменети со железни, а вагоните станале „трамваи“, популарни низ цела Европа. Коњите сè уште обезбедувале „коњски сили“ за товар додека локомотивата на пареа не влегла во игра во раните 1800-ти.

Од тогаш до денес возовите напреднале многу, јапонскиот воз L0 Series Maglev може да се движи со брзина од 602 км/час, додека во Кина се вложува многу во железничкиот сообраќај (половина од најбрзите возови во светот се веќе кинески).

Технолошките пронајдоци ги подобрувале брзините, безбедноста и удобноста, но еден од поинтересните пронајдоци е формата на тркалата. Во видето подолу се објаснува зошто тркалата на возовите немаат правилна, туку конусна форма, која влијае многу на распределувањето на силите, стабилноста на возовите и сигурноста дека ќе останат на шините на свиоците. Интересен е фактот дека кога возот оди по закривени шини надворешното тркало мора да помине поголем пат од внатрешното. Дознајте како инженерите го совладале овој проблем.

Во Македонија, според нашето познавање, наместо тркалата на возовите се искривени самите шини.

Останува да дознаеме повеќе од домашните инженери.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *