По кој редослед да ги гледате филмовите Блејд Ранер во исчекување на „Blade Runner 2099“?

Лекс Фридман, научник во полето на вештачка интелигенција, пред почетокот на интервјуто со Марк Зукенберг му дава да реши „загатка – препознај ги семафорите на сликите“, за да открие дали тој е човечко суштество. Ова неодоливо потсеќа на т.н. Турингов тест со кој се открива дали зборувате со машина или човек – како што дознаваме на почетокот од филмот Блејд Ранер. Откако Лекс, по потекло Украинец, во неговиот емотивен вовед ни ги открива неговите планови да ја посети Украина и Путин во Русија, а потоа утврдува дека Зукенберг е човек, интервјуто започнува.

Знаеме што претставува Блејд Ранер денес, но што претставуваше тој филм во „наше време“? Тогаш за овој култен филм се зборуваше многу по интелектуалните кругови (читај „Багдад-кафе“). Интелектуалците од 1980-тите и 90-тите (за разлика од денешните „гикови“) не ја сакаа научната фантастика, но го сакаа Блејд Ранер, зашто тој беше повеќе од само СФ филм според култна книга. Се работеше за уметност, нео-ноар филм со одличен филмски саундрак, визионерска технологија, уметничко ремек-дело кое го популаризираше киберпанкот и реплики кои останаа во умот на генерациите, како познатата „Tears in Rain“ реплика.

Денес Блејд Ранер наликува на серијал (franchise) од видот на Бетмен, Спајдермен или Ѕвездени војни, што веќе е неопходно да се направи една помошна листа за гледање на филмовите, сериите и анимираните филмови кои произлегоа од првиот филм.

Едно е сигурно, Блејд Ранер филмовите треба да се гледаат хронолошки и ако ги собереме сите на купче, тоа би изгледало вака:

бр.медиумизлезенописдејствие
1Blade Runner*1982оригиналниот филм2019
2Blade Runner Black Out 2022**2017краток анимиран филм2022
3Blade Runner Black Lotus***2021анимирана серија2032
42036: Nexus Dawn**2017краток филм2036
5Soldier***1998„спиноф“ филм со друго дејствие2039
62048: Nowhere to Run**2017краток филм2048
7Blade Runner 20492017филм како продолжение на оригиналниот2049
8Blade Runner 2099?серија во продукција2099
* Тука спаѓаат и The Director’s Cut (1992) и The Final Cut (2007) ** Сите три куси филмови се претходници (prequels) на Blade Runner 2049 *** Овие два може да се гледаат назависно

Но, тоа не е се! Кој ги сака видео игрите може да ги проба и:

1Blade Runner1997видео игра со друго дејствие2019
2Blade Runner Revelations 2018продолжение на серијалот2023

За повеќе информации за серијалот посетете го Blade Runner Fandom, каде што, меѓу другото ќе дознаете:

  • … дека се прикажани седум верзии на филмот Блејд Ранер.
  • … дека поголемиот дел од саундтракот на се појавил по објавувањето на режисерската верзија на филмот во 1992 година.
  • … дека репликантот – биоинженерско или биороботично суштество во филмот Блејд Ранер – го добило името од ќерката на сценаристот Дејвид Пиплс, која го предложила терминот „реплицирање“, што е процес на дуплирање на клетките за клонирање.
  • „Човекот во високиот замок“ (The Man in the High Castle), „Дали Андроидите сонуваат за електрични овци?“ (Do Androids Dream of Electric Sheep?) – книга според која е Blade Runner, Total Recall (Тотален отповик), Minority Report (Малцински извештај) и A Scanner Darkly (Темно скенирање) се филмувани дела на Филип К. Дик. – од вкупно 23 филмови и епизоди од серии!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.