Името на Украина во превод значи „гранична земја“ („У краина“), и таа навистина отсекогаш била помеѓу два света, но сепак ниту Русија, ниту Европа. Украина по малку наликува на Македонија, непризнаена, честопати под туѓа власт и под странски влијанија, но без вистински пријатели, а таа самата не знае дали да се сврти лево или десно, па на крај е оставена сама на себе.
Едно е јасно и недвосмислено – војната е лоша!
Сепак, нема да навлегуваме во политиката, впрочем денес секој е експерт за политика, па ќе го оставиме тоа на нив. Нас не интересира науката, а во неа се истакнуваат двајца советски научници, по потекло и идентитет украинци, Сергеј Королев и Валентин Глушко.
Валентин Глушко бил Советски ракетен пионер, главен дизајнер и одговорен за сите големи ракетни мотори за време на советскo-американската вселенска трка.
Сергеј Королев е одговорен за првиот човечки вселенски лет. Иако светот знаел за неговите достигнувања – Спутник, Восток, Сојуз – самиот човек остана целосна мистерија до неговата смрт, бидејќи неговиот идентитет била добро чувана државна тајна. Жртва на сталинизмот, по неговата смрт тој стана икона на руската ракета и неговите дизајни за ракети сè уште се користат и денес.
Тие двајца се татковци на космонаутиката и ракетите кои ги однесоа Лајка и Гагарин во вселената. Читајте повеќе во нашата книгичка „Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин“

За крај, да посакаме разумот на победи, зашто за наука е потребен разум и тој го унапредува човештвото, а војната го уназадува.