Како да ги гледате филмовите за Бетмен по ред, во исчекување на новиот филм?

Бетмен е суперхерој кој за прв пат се појавува во американските стрипови издадени од DC Comics на 30 март 1939 година. Од тогаш до денес се појавил во многу инкарнации, но репликата „Јас сум Бетмен!“ (“I’m Batman.”) го овековечила во сите негови сериозни или шеговити (‘The Lego Batman Movie’) варијанти.

Во 200-тата епизода на „Теоријата за големата експлозија (The Big Bang Theory) гостуваше Адам Вест (од серијата Бетмен од 1960-тите). Во расправија на ликовите за тоа кој е најдобар Бетмен, Хауард му замерува на Вест дека се става себеси пред Кристијан Бејл (Christian Bale) „човекот кој ги персонифицирал зборовите Јас сум Бетмен!“.

Вистината е дека Мајкл Китон прв ги искористил овие зборови на застрашувачки и наметлив начин во филмот Batman од 1989 година, а подоцна ги усовршил актерот Кевин Конрој во анимираната серија Бетмен.

Покрај толку продолженија, римејкови и анимирани серии, се поставува прашањето кој е правилниот редослед за гледање на серијалот Бетмен.

Повеќето критичари и фанови се согласуваат со следниов редослед:

  1. ‘Batman: The Movie’ (1966)
  2. ‘Batman’ (1989)
  3. ‘Batman Returns’ (1992)
  4. ‘Batman Forever’ (1995)
  5. ‘Batman and Robin’ (1997)
  6. ‘Batman Begins’ (2005)
  7. ‘The Dark Knight’ (2008)
  8. ‘The Dark Knight Rises’ (2012)
  9. ‘Batman V Superman: Dawn Of Justice’ (2016)
  10. ‘Suicide Squad’ (2016)
  11. ‘Justice League’ (2017)
  12. ‘The Lego Batman Movie’ (2017)
  13. ‘Joker’ (2019)

Од друга страна, можете да ги гледате и според квалитет (иако тоа е субјективно мерило), па тогаш листата би изгледала вака, од најлош кон најдобар филм:

10) Batman: The Movie (1966)
9) Batman & Robin (1997)
8) Batman v. Superman: Dawn of Justice (2015)
7) Batman Forever (1995)
6) Batman Returns (1992)
5) Batman Begins (2005)
4) The Dark Knight Rises (2012)
3) Batman (1989)
2) Mask of the Phantasm (1998)
1) The Dark Knight (2008)

Една поопширна листа на ранкирање според оценка дава и сајтот Rotten Tomatoes:

14) BATMAN & ROBIN (1997)
13) BATMAN V SUPERMAN: DAWN OF JUSTICE (2016)
12) BATMAN FOREVER (1995)
11) BATMAN: THE KILLING JOKE (2016)
10) JUSTICE LEAGUE (2017)
9) BATMAN (1989)
8) ZACK SNYDER’S JUSTICE LEAGUE (2021)
7) BATMAN (1966)
6) BATMAN RETURNS (1992)
5) BATMAN: MASK OF THE PHANTASM (1993)
4) BATMAN BEGINS (2005)
3) THE DARK KNIGHT RISES (2012)
2) THE LEGO BATMAN MOVIE (2017)
1) THE DARK KNIGHT (2008)

За кој редослед и да се решите, побрзајте затоа што новиот Бетмен доаѓа наскоро!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *