Необични факти за планетите од Сончевиот систем!

Меркур

Најмала планета во Сончевиот систем, но затоа има најмногу кратери од сите други планети!

Венера

Ротира во спротивна насока од сите други планети. Се врти и многу бавно. Така, еден ден на Венера е подолг од една година на Венера. Какво чудо!

Марс

Олимпус Монс на Марс е најголемиот вулкан во Сончевиот систем – тој е три пати повисок од Монт Еверест!

Јупитер

Големата црвена дамка на Јупитер е огромна бура која трае 350 години! Бурата е повеќе од три пати поголема од Земјата.

Сатурн

Сатурн е единствената планета во нашиот Сончев систем која е помалку густа од водата. Кога би можеле да изградите џиновска када и да го ставите Сатурн во неа тој би пловел!

Нептун

На Нептун дуваат најсилните ветрови во Сончевиот систем. Тие се движат со брзина од 2.500 км/час!

Уран

Уран се врти поинаку од сите други планети, како топка која се тркала по рид. Така, северниот или јужниот пол обично се насочени кон сонцето. Кога би можеле да застанете на северниот пол на Уран, би го виделе сонцето како изгрева на небото и кружи околу четириесет и две години. Потоа ќе се спушти под хоризонтот, а вие ќе останете во темница четириесет и две години!


Преземено и адаптирано од книгата: My Weird School Fast Facts: Space, Humans, and Farts

Ако сте заинтересирани за уште информации за планетите пренесени на хумористичен начин, прочитајте ја книгата „Досие: Планета Икс“ на Бранко Прља.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.