ВРЕМЕПЛОВ НИЗ РАЗВОЈОТ НА АСТРОНОМИЈАТА ВО МАКЕДОНИЈА

Ви го претставуваме времепловот низ развојот на астрономијата во Македонија изработен за потребите на групата: Астрономска опсерваторија во Македонија.

Посетете го сајтот.

1949 ДФМ

Друштво на физичарите на Република Македонија (ДФМ) е научна и образовна организација основана во 1949 година во Скопје

1972 ПЛАНЕТАРИУМ

Планетариумот е изграден во 1972, а опремен во 1974 година. Функционира во рамките на Младинскиот културен центар – Скопје (МKЦ). Овој планетариум како здание е подарок од Алжир и СССР и своевремено тој бил единствен на просторите на поранешна Југославија.

1977 Импулс

Списание за популаризација на физиката (ДФМ)

1995 Емитер

Македонско списание за популаризација и примена на науката и техниката

1995 Астрономски алманах

Научно-популарно списание по астрономија (Институт за физика, ПМФ)

1996 МАКЕДОНСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО

По осамостојувањето на Република Македонија рапидно порасна интересот за астрономијата во национални и локални рамки што доведе до формирање на Македонско Астрономско Друштво на 14.03.1996 год. во Скопје.

1996 Битолското астрономско друштво

Меѓуопштинското астрономско друштво на 17.09.1996 год. во Битола.

1997 ЧЛЕНСТВО ВО МЕЃУНАРОДНА АСТРОНОМСКА УНИЈА

На 23 Генерално собрание во 1997 година во Кјото, Јапонија, донесено е решение Република Македонија да биде примена во членството на Меѓународната астрономска Унија (International Astronomical Union – IAU)

1998 СКОПСКО АСТРОНОМСКО ДРУШТВО (САД)

„Скопско астрономско друштво“ (САД) е здружение на граѓани, љубители на астрономијата, од различна возраст и националност. Основано е со Основачкото собрание одржано на 10.12.1998 г. во Скопје.

1998 Physica Macedonica

A journal of experimental and theoretical physics (Институт за физика, ПМФ)

2002 Кокино

Ѓоре Ценев (со Археолошкиот музеј од Куманово) докажал постоење на древна астрономска опсерваторија.

2003 МАКЕДОНСКОТО ИСТРАЖУВАЧКО ДРУШТВО (МИД)

МИД – Македонското истражувачко друштво е регистрирано според Законот за здруженија на граѓани и фондации на Република Македонија. Основачкото собрание е одржано во година.

2003 Вселена

Научно-популарно списание во издание на МИД

2004-2010 АСТРОНОМСКИ ДРУШТВА

Охридско Астрономско Друштво (2004)
Кумановско Астрономско Друштво – Кокино (2010)
Струшко аматерско астрономско друштво (2010)


Линк кон сајтот со времепловот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *