
Што е Арно.мк?
Нашата идеја е да се стремиме кон „доброто“ како принцип. Сите теми и текстови објавени на овој портал имаат мисија да ги подобрат работите во нашето општество, да известат за добрите трендови во светот и ако понекогаш зборуваме за лошите појави тоа го правиме со цел да влијаеме на позитивно разрешување на истите (пр. екологија).
Сметаме дека без грижата за науката, технологијата, образованието, уметноста и екологијата нема здраво општество и затоа посветивме многу време и внимание на овие теми.
Што сме направиле?
Тимот на Арно.мк стои зад некои еколошки групи како:
- „Дај, не фрлај“, платформа за споделување предмети, продолжена употреба, реупотреба и заштита на околината со 50.000 членови
- „Не фрлај, не загадувај“ еколошка група каде се бориме за документација на депонии и прописно фрлање отпад.
- „Еколошко, евтино, ефикасно“ и „Кеса, не благодарам. Торба си носам“ еко-групи кои се залагаат за намалување на употреба на пластиката и штетните материјали и нивна замена со еколошки и органски.

Наши иницијативи се:
- „Астрономска опсерваторија во Македонија“ – за изградба на првата научна опсерваторија во Македонија
- Со групите како „И јас одам со велосипед на работа“ и „Наставници за онлајн настава“ се грижиме за подобра иднина.
- science.mk – единствениот специјализиран агрегатор за вести од науката во Македонија
Наши изданија се и едукативните и бесплатни книгички како:
- Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017, Бранко Прља)
- Необични факти од животот на Никола Тесла (2017, Бранко Прља)
- Јаболкото на Њутн (2018, Бранко Прља)
- Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019, Бранко Прља)
- Made In China – Кинески изуми (2019, Бранко Прља)
- 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020, Бранко Прља и Владимир Карер)
- Мустаќлии кои го смениле светот (2021, Исак Сима)
- Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021, Бранко Прља)
- „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021, Берт Стајн)
- 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти… (2021, Исак Сима)
- Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери (2021, Нина Прља)
- „Пекол“но добро дело на Данте! (2021, Нина Прља)
- „Дај, не фрлај’“ – од Фејсбук група до еко-револуција! (2021, Бранко Прља и Владимир Карер)

Нека ни се среќни 3 години и се надеваме на уште подобри нешта!