Која е најбрзата раса кучиња на светот?

Најдобриoт пријател на кучето – човекот ги одгледувал кучињата од дамнина, ги вкрстувал и добивал различни раси, но која од расите е најбрза?

1) Грејхаунд (Greyhound)

Приматот го држи Грејхаунд со рекордна брзина од 72 км/час, што е повеќе од дозволена брзина на автомобил во градски средини! Ова куче кое е со висина околу 75 см и тежина околу 35 кг, со потекло од Источна Европа, е Флеш помеѓу кучињата.

2) Saluki (Салуки)

Името не е толку познато, но се работи за една од најстарите раси во светот и се насликани на Египетските споменици. Најголемата брзина забележана кај оваа раса е 68.8 км/час, со висина до 70 см и тежина до 29 кг. Кога станува збор за растојанија поголеми од 500 метри, оваа раса е поиздржлива од Грејхаунд и може да ги претрка.

3) Авганистански ’рт (Afghan Hound)

Роднини на Салуки, во минатото биле користени за лов на диви животни. Високи се до 74 см, а тешки до 27 кг. Постојат 13 различни видови од оваа раса, а нивната максимална забележана брзина е 64.4 км/час.

4) Висла (Vizsla)

Раса со потекло од Унгарија, омилено кај бароните и освојувачите заради нивните атлетски особини. Со максимална брзина од 64.4 км/час, тежина до 30 кг и висина до 60 см, оваа раса е четврта по брзина во светот, иако технички го дели третото место со Авганистански ’рт.

5) Ибицански ’рт (Ibizan Hound)

Истото важи и за оваа раса која ја има истата максимална брзина од 64.4 км/час. Со потекло од Каталонија се користеле за лов на зајаци и друга ситна дивеч.

6) Џек Расел Териер (Jack Russell Terrier)

Омилена раса во многу американски филмови, и најситното куче на оваа листа, сепак достигнува брзини до 61.2 км/час, иако тежи максимално до 8 кг со висина до 38 см. Навистина неверојатно постигнување.

7) Далматинско куче (Dalmatian)

Иако е многу повисок (до 61 см со тежина до 34 кг) од Џек Расел Териер, неговата максимална брзина е до 60 км/час. Истото важи и за другите раси се до Бордер Коли (Border Collie) кој со 48 km/h е на 15-тото место според брзина (со висина до 56 см и тежина до 20 кг).


За подетална листа на други брзи раси погледнете ја оваа листа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *