Нурнете се во умот и делата на Бранко Прља на овој сајт. На сајтот можете да ги прочитате сите негови книги бесплатно и да добиете подлабок увид во неговите раскази, романи, измислени вести, експериментална проза или фактопедии.

Авторот има вметнато и неколку “Easter Eggs”, скриени елементи кои можете да ги пронајдете со кликање врз некои објекти на сајтот кои не се книги, како на пример целосна плејлиста на сите песни кои се споменуваат во романот „3 минути и 53 секунди“.
Друг скриен елемент е времеплов низ дејствието во романот „Апокалипса.мк“, заедно со сите ликови и неологизми или кованици измислени за романот, кој авторот го има направено како помошна алатка додека го пишувал текстот. Останатите откријте ги сами!