Плутон е сепак планета, но исто така е и нашата Месечина!

Кога во 2006 Меѓународната Астрономска Унија одреди дека Плутон не е веќе планета, светската јавност се крена на нозе. Плутон, омиленото куче од филмовите на Дизни, ги натажи своите очиња и ја спушти опашката. Но, вистината е дека во науката нема место за емоции и дека таа е строга и праведна. Но, дали е така навистина?

Дозволете му на „прекрасната личност“ Антон Петров да ви објасни:

Во новата студија „И сателитите се планети“ се објаснува дека дефиницијата според која Плутон не е планета всушност не е научна дефиниција, туку има повеќе сличности со астрологијата и практичноста отколку со науката.

Веќе е познато дека со пронаоѓањето на џуџестата планета Ерис, која се сметало дека е поголема од Плутон (сега се знае дека се приближно исти по големина) таа требала да биде т.н. 10-та планета.

Ова, заедно со пронаоѓањето на други слични ТНО (Транс-Нептунови објекти) предизвикало голема дискусија за тоа што е планета и во 2006 довело до отстранувањето на Плутон од планетите на Сончевиот систем. Но, што е всушност планета во Сончевиот систем?

1) Вселенско тело кое е во орбита околу Сонцето (како Плутон)
2) Има доволна маса за неговата гравитација да предизвика хидростатички еквилибриум т.е. да има (речиси) кружна форма (како Плутон)
3) Ја има „исчистено“ околината на својата орбита (не како Плутон!)

Pin on Randomness

Последниот критериум се засновува на тоа дека Плутон ја пресекува орбитата на Нептун и ја нема „исчистено“ својата орбита. Студијата спомената погоре, расправа дека овој критериум не е научен и дека е направен само за да се задржи малиот број планети (8) за да биде полесно за децата на училиште, кои инаку би требало да учат стотици планети!

Ако планетите се дефинираат според нивната орбита, тогаш би требало животните да се дефинираат според нивното место на живеење. Значи, мајмуните од Азија и Африка не припаѓаат на истиот род мајмуни, туку се сосема друг вид. Ја разбирате поентата, нели?

Студијата вели дека вистинската дефиниција е само геолошката, која се фокусира на активноста во и на планетата. Според неа „Планета е геолошки активно субстеларно тело (не е ѕвезда)“, што значи дека може да биде и сателит.

Оваа поделба брои вкупно 156 планети до сега, па обидете се да ги научите!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *