8 необични факти за планетите од Сончевиот систем

Сончевиот систем е нашето пошироко семејство и би требало да знаеме повеќе за него.

На пример, дали знаевте дека:

1) Меркур има најмногу кратери од сите други планети заради тоа што речиси нема атмосфера, а во најголемиот би можела да застане цела Западна Европа!

2) Венера е малку тврдоглава, па ротира во спротивна насока од сите други планети! Освен тоа се врти околу својата оска многу бавно и еден ден на Венера е подолг од една нејзина година. Колку чудно!

3) На Земјата има живот – доволно е!

4) Олимпус Монс на Марс е најголемиот вулкан во Сончевиот систем – тој е три пати повисок од нашата највисока планина, Монт Еверест!

5) Големата црвена дамка на Јупитер е огромна бура која трае 350 години! Бурата е три пати поголема од нашата планета Земја.

6) Сатурн е единствената планета во нашиот Сончев систем која е помалку густа од водата. Кога би имале џиновска када и би го потопиле Сатурн во неа, тој би пловел како меурче од сапуница!

7) Сите планети орбитираат околу Сонцето малку накосено, но Уран е навален за 90 степени, така што половите се насочени кон Сонцето. Кога би стоеле на северниот пол на Уран би го виделе Сонцето како изгрева на небото и кружи околу четириесет и две години.

8) На Нептун постојат најсилни ветрови во Сончевиот систем со брзина од 2.500 километри на час!


Фактите се преработени од книгата My Weird School Fast Facts: Space, Humans, and Farts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *