„Вести во земјата на чудата!“

„Вести во земјата на чудата“ е весник со измислени вести издаден од Бранко Прља на 31.12.2005 година. Ако го отворите, ќе видите дека како датум стои 31.12.2021, а тоа е денешниот ден. Што е сменето во изминативе 16 години?

Кус одговор е: ништо. Се уште сме на дното во Европа според БДП, просечната плата, образованието, а помеѓу првите во загадувањето итн. Слична слика се добива и со прелистување на весникот, но неговата цел секако не беше да ја предвиди иднината, туку да даде увид во реалноста.

Сепак, како и секое добро литературно (уметничко) дело, весникот се поигрува со реалноста и не воведува во еден свет на откачени авантури, необични приказни и ликови. Она што е интересно е дека иако во него доминираат навидум неповрзани „вести“ во целиот весник се пронижува една приказна која може да се следи од почеток до крај.

Многу хумор, сатира, алегорија и критика на општеството, а како што открива и авторот кој се потшиал како „КАПКА“ тоа била инспирацијата за акронимот (Креативен активизам преку пародија, критика и алегорија). Дело кое вреди да се исчита од една временска дистанца, како увид во она што сме биле, за да откриеме каде одиме.

И по 16 години, Македонија сеуште не е дел од ЕУ, а како што одат работите не ни треба да биде. Некогаш нарекувана „Оаза на мирот“, само уште да најдеме начин како да се грижиме за овој наш мал екосистем како што заслужува. Ако успееме, ни Словенија нема да ни биде рамна., До тогаш, уживајте во „Вести во земјата на чудата“!

Читајте тука!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.