Како граѓаните се грижат за дрвјата… во Берлин!

Состојбата со дрвјата во градот Скопје е очајна. Голем дел од старите дрвја кои некогаш го красеа градот се исечени да ослободат место за новите зградурини.

Тоа е нормален процес во секој град, но ако изградите комплекс на згради без плански да засадите дрвја околу нив, сте направиле само бетонско чудовиште во кое луѓето ќе се чувствуваат отуѓени.

Дрвјата дишат јаглерод диоксид и други штетни гасови и се природни филтери на ПМ честички. Затоа да садиме дрвја!

Но, не е толку едноставно. Одамна укажавме на тоа дека сите дрвја не се исти и дека е потребно да се бираат соодветни. Но, дури и да се засадат какви било дрвја тоа е подобро од ништо, нели? Сепак не.

Потребно е истите да се наводнуваат и по правило градот (општината, градско зеленило) поставуваат системи за наводнување, но честопати и не поставуваат и дрвјата пресушуваат.

Како германците се справуваат со проблемот на наводнувањето?

Во Берлин постои интересен проект кој овозможува не само увид во тоа кое дрво е каде засадено, туку и интерактивна мапа на истите, во која за секое дрво посебно може да се добие информација, колку е старо, кога е навадено и неговите потреби за вода.

Повеќе од 2.000 граѓани се регистрирани како „наводнувачи“ кои „посвоиле“ повеќе од 5.000 дрвја.

Табелата погоре содржи дури и со процентуална застапеност на сите (поточно 760.000 од 1 милион) видови дрвја застапени во градот Берлин.

Што правиме ние?

Ние го имаме Зелен катастар, кој прави попис само на засадени дрвја, но на порталот Арно докажавме дека тој не е слика на реалната состојба на терен, туку само на садниците. На терен не се проверува дали тие садници успеале, а голем процент од нив не постојат.

Мислам дека и кај нас има доста луѓе кои би биле заинтересирани за вакво нешто.

Веќе имаме платформа, „Зелен катастар“ кој само треба да биде поинтерактивен, на што укажавме во нашиот текст – воедно пофалба и критика на истата платформа. Всушност самиот проект и подразбира слични функции, но тие се чини не се во функција, како на пример „еколошки анализи“.

Се разбира не е возможно „градот“ (апстрактна именка) да има увид во сите дрвја и потребна му е помош од граѓаните!

Заедно можеме да ги спасиме дрвјата!

Сузан Деј, професорка по урбано шумарство на Универзитетот во Британска Колумбија, верува дека проектите како „Pour the Neighborhood“ би можеле да имаат голема важност заради климатските промени и додава дека не е претерано да се каже дека:

Здравиот човечки живот зависи од вегетацијата што не опкружува.“


Извор: https://reasonstobecheerful.world/berlin-urban-tree-care-system

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *