Големо поскапување на пелетите или голем удар по екологијата!?

Пелетите се промовираат како поевтина и (по)еколошка опција за греење, и како дел од пакетот мерки за спречување на загадувањето. Тоа е добра идеја која годинава се покажа како лоша инвестиција зашто цената на пелетите нагло се покачи за 25%!

Во групата „ПЕЛЕТИ- група за дискусија“ го поставивме прашањето зошто според членовите се случи вакво поскапување и одговорите беа различни. Првичните информации се дека во Србија поради поскапувањето на струјата се случи поскапување на пелетите за чие производство е потребна електрична енергија (а во Македонија претежно се увезуваат пелети од Србија), но и тоа дека сите енергенси се поскапени.

На страната на „Пелет центар“, како компанија со искуство во тоа поле според кои се случува „пораст на цените на речиси сите инпути за производство, а пред сè енергенсите (ел. енергија и гасот како примарни) и репроматеријалите, речиси и да нема производствен сектор кој не е засегнат.“

Според некои проценки, можно е до крајот на годинава или почетокот на следната и сосема да снема пелети!

Како се очекува дека луѓето ќе се префрлат на поеколошка варијанта ако можат да купат кубен метар огревно дрво за 60 евра, а веројатно и поевтино. Треба да се земе во предвид дека џебот секогаш е прв приоритет, а потоа грижа за околината.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *