Бесплатна онлајн книгичка за диносаурусите и други ужасно големи гуштери!

„Забавни факти за диносаурусите и други ужасно големи гуштери“ е 11-та книгичка од едицијата Фактопедија е дело на Нина Прља и Бранко Прља. Можете да ја симнете бесплатно тука.

Диносаурусите ги фасцинирале луѓето од нивното пронаоѓање. Нивната моќност, фактот што толку долго господареле со планетата Земја и тоа што да не бил кобниот астероид, диносаурусите можеле да останат доминантен вид – сето тоа ни влева стравопочит во коските и ни дава поголема перспектива во животот.

Приказната за диносаурусите е епска и трагична, но на нивното исчезнување ние го должиме нашето постоење – по долгата еволуција на малите цицачи кои излегле од дупките и се осмелиле, прво срамежливо, а потоа храбро, да ја истражуваат површината. Денес, ние сме господари на планетата, но не треба да ја заборавиме одговорноста и лекцијата од минатото, да се грижиме за планетата како што таа се грижи за нас.


ЗА АВТОРИТЕ

Бранко Прља е графички дизајнер, писател и новинар.

Нина Прља е родена во 2005 година во Скопје. Се занимава со илустрирање и пишување. Нејзините први цртежи и раскази се собрани во печатено издание „Обоени приказни“ (2013). Таа се јавува како коавтор или илустратор на неколку други книгички „Азбука на игранка“ (2014), „Недокажани приказни“ (2015), „Букви во збор“ (2015), „Коњи, или прирачник за тоа како да станеш вистинска каубојка“ (2016) и „Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин“ (2021). За диносаурусите се интересира од најрана возраст, кога на подарок доби диносаурус-играчка. Затоа, да не ги заборавиме играчките и игрите кои покрај учењето, се инспирација и битен дел од развојот!


Изворите користени во книгичката се:
Encyclopedia of Dinosaurs and Prehistoric Life (DK Publishing, 2008)
The World of Dinosaurs: An Illustrated Tour (2019, Mark A. Norell)
World Encyclopedia of Dinosaurs & Prehistoric Creatures: The Ultimate Visual Reference To 1000 Dinosaurs And Prehistoric Creatures (2008, Dougual Dixon)
Dinosaurs: A Visual Encyclopedia, 2nd Edition (2018, DK)
Dinosaurs Rediscovered: The Scientific Revolution in Paleontology (2019, Michael J. Benton)
The Rise and Fall of the Dinosaurs: A New History of a Lost World (2018, Steve Brusatte)


Другите изданија од едицијата Фактопедија на arno.mk се исто така достапни за бесплатно читање и симнување:

  1. Необични факти од животот на Алберт Ајнштајн (2017)
  2. Необични факти од животот на Никола Тесла (2017)
  3. Јаболкото на Њутн (2018)
  4. Неверојатниот живот на Стивен Хокинг (2019)
  5. Made In China – Кинески изуми (2019)
  6. 25 факти за аерозагадувањето и начини да го намалиш (2020)
  7. Мустаќлии кои го смениле светот (2021)
  8. Вселенскиот пионер Јуриј Гагарин (2021)
  9. „Од кој филм беше?“ – 150 сцени од познати филмови (2021)
  10. 99.9 тотално забавни и сосема бескорисни факти…

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *