Иницијатива за садење жива ограда и дрвја како заштита од загадувањето на воздухот

Арно.мк почнува иницијатива за садење жива ограда и дрвја во близина на прометните сообраќајници, училиштата, населените објекти и секаде каде што има потреба и можност.

Аргументи за нашата иницијатива се:

  1. Садење на жива ограда и дрва во близина на патишта како природна бариера за заштита од аерозагадувањето.
  2. Садење на жива ограда околу сите институции школи, градинки, претпријатија и секаде каде има можност.
  3. Садење на жива ограда и дрва околу зградите и куќите.

Живата ограда го спречува ширењето на на ПМ 1.0, ПМ 2.5, ПМ 10 честичките и дејствува како природен ѕид. Живата ограда не ги апсорбира ПМ честичките, туку ги филтрира, додека ги апсорбира гасовите јаглерод диоксид, оксиди на азот и сулфур итн. (CO2, NOx, SO2), кои потекнуваат од автомобилите и индустријата.

Која е најпаментна стратегија?

Според студиите најдобра комбинација е жива ограда со дрвја!

Споменавме дека растенијата не „дишат“ прашина, т.е. тие користат како филтери. Кога воздухот поминува низ листовите на дрвјата или грмушките тогаш честичките се таложат на листовите. Потоа со дождовите се „измиваат“ во почвата. Дрвјата со грмушките на тој начин прават жива бариера и спречуваат честичките да не се шират во околината.

C40

Зеленилото има и други добри страни, на пример дејствува како природен климатизер во населените места или ја регулира климата околу шумите.

Зеленилото е кул!

One thought on “Иницијатива за садење жива ограда и дрвја како заштита од загадувањето на воздухот

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *