Сатирата е здрава форма на соочување со проблемите, лични или општествени. И Берт би сакал да биде Бред, ама освен лепче и солца тешко да има повеќе. Тоа е маката на уметниците, но затоа барем лудо се забавуваат кога творат!
Ви ги претставуваме малите шеговити песнички на Берт Стајн за неговото „омилено“ соѕвездие од три ѕвезди: Бред, Анџа и Џени!
Бред Симит
Си бил еден Бред Пит,
да го мачкаш на лепче,
што актерче!
Од добар до лош лик,
фаца и пол е тој тип,
сите улоги му стојат лични,
па и комбинации недолични
Како леб во пита,
„бред во пит“ –
тој ти е како симит!

Анџа Џоли
„Џоли Пит го воли!“
видов графит, и „стварно“
– беа фит!
Анџа го грабна бретче,
на Џени и дрпна лепче,
без американска пита го остави,
па јабана, в’ Африка, Азија го фрли.
Такви се маките
бре, на познатите!
Џени Маани Тон
Џени ти е „свитхарт“,
ама кутрата нема раат.
По нашки е „снашка“,
ама без домаќинот остана
и од тогаш Анистон се ашка.
„Пријателите“ ја издадоа,
ја издаде брат ѝ, пееше Шемса,
легенда од нашите краишта!