
1) Вклучување во модерните текови на пазарот на трудот
Пандемијата овозможи (поради сила на околности) еден дел од вработените да се префрлат на онлајн работење и тој тренд само ќе се зголемува во иднина. истражувањата покажуваат дека вработените се посреќни и попродуктивни кога работат од дома! Што побрзо децата се научат на таквиот систем на работа, подобро за нив.
2) Интерактивно учење
Примена на мултимедијални содржини со користење интернет и директен пристап до нив е еден голем плус за наставниците и учениците.
3) Намалени трошоци
Се намалуваат трошоците за превоз, облека, обувки, ужинки, маски итн. Интернет конекцијата, независно од училиштето, е неопходна алатка за опстојување во модерниот свет и би требало секој да ја има.
4) Без паника! (Во случај на пандемија)
Онлајн наставата им овозможи непречена едукација на милиони деца во светот во време на пандемија. Тоа сигурно не е нешто лошо!
5) Учите од удобноста на домот, наместо под стрес, протоколи, со маски, во страв…
Се разбира оваа точка треба да се земе со доза скептицизам, затоа што и претераната изолација не е добра. Потребно е редовно излегување надвор, спортување, дружење на отворено итн.
Тоа не упатува и кон недостатоците на онлајн наставата. Немање социјализација, дружење, развивање на оние вештини кои ги подразбира „физичкиот“ свет е еден од големите недостатоци на овој вид настава.
Но, ако сакаме да опстанеме во модерното општество подобро е да ги фрлиме „стаповите и играњето во кал“ и да се фатиме за компјутерите!
Погледнете го и ова видео за некои други причини зошто учењето онлајн е подобро.