Баталете ги децата кои учат онлајн – сами избраа дека училиштето не им треба!

Поминаа првите училишни денови, а онлајн наставата не функционира! Мајкрософт Тимс не е среден (секоја чест на исклучоци) и не се знае чија е вината. Од друга страна, наставата со физичко присуство, каква таква, со квази-протоколи, ризична, под маски – се одвива.

Дали децата (родителите) кои од разни причини решиле/морале да се лишат од излегувањето надвор и од „нормалниот“ живот, треба да бидат дополнително казнети? Тие не само што ќе бидат „исклучени“ од нормалната социјализација и нема да ги добиваат информациите навремено, туку ќе бидат лишени и од шансата за образование – и од нивното височество „добрите оценки“ – без кои во нашата средина не се може понатаму и повисоко!

„Кој ви е крив кога сами сте решиле да седите дома!“ се чини дека одекнува пораката од МОН, додека се инсистира на физичко присуство.

Останува да видиме дали состојбата ќе се подобри или „онлајн учениците“ ќе бидат само уште една маргинализирана, заборавена и „оставена-сама-на-себе“ група какви што ги има многу во нашата средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *