Питагорината теорема не е на Питагора!?

Секој кој завршил основно образование (би требало да) ја знае Питагоровата теорема:
c2 = a2 + b2

Најновите истражувања (за кои се спекулира веќе подолго време) тврдат дека теоремата не е на Питагора, туку дека потекнува од Вавилон.

Питагора е општо прифатен како татко на тригонометријата, или на математиката на триаголниците.

Слична теорема е пронајдена и во т.н. Математичкиот папирус на Ринд од 1550 пне. (според археологот кој го купил папирусот во Египет) или Папирусот на Ахмес, кој е првото познато име во историјата на математиката.

Понатамошните истражувања покажале дека теоремата всушност потекнува од Вавилон пред 3.700 години. Познато е дека пред создавањето на познатата Питагорина школа, Питагора патувал во Египет и Вавилон.

Историјата на мислата на Античка Грција е фасцинантна, но честопати се занемарува потеклото на идеите од Египет, Месопотамија, па дури и до Индија!

Дали се работи за планирана историска „завера“ во која не се признава Африканското или (блиско или далечно) источното потекло на филозофијата, науката, уметностите кои за научниците се производ на „Западната“ или Европска цивилизација, со почеток во Античка Грција, останува на историјата да докаже. Нам ни мириса на расизам и „европоцентризам“, а вие како милувате.

На оваа тема веќе зборувавме, а за повеќе информации погледнете го видеото подолу:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *